Терористите од Исламска држава воено се совладани, но нова битка е во најава. Најмногу страдаат цивилите оти тие се повторно меѓу двата фронта
Реклама
„Борбата против терористичката организација Исламска држава во Рака остави пустош зад себе", вели дописникот за АРД од Блиски исток Фолкер Швенк. Многу куќи се оштетени или комплетно уништени. Пред неколку дена новинарот се врати од Рака. Беше таму за на лице место да добие претстава како Демократските сириски сили, предвидени од Курдите, го ослободиле градот од ИД.
Од изминатиот вторник ИД ја изгуби контролата над еден од најважните пунктови, сирискиот град Рака. Попладнето воената коалиција Демократските сириски сили соопшти дека го ослободила градот и борците од нивните редови поставија знаме во центарот на Рака, таму каде што борците на ИД до неодамна ги изложуваа отсечените глави на непријателите заради заплашување.
Рака сега е ослободен град, но таму има многу работа: во урнатините има безброј мини и други експлозивни направи, вели Фолкер Швенк. Расчистувањето долго ќе трае.
Од 2014-та луѓето од градот мораа да им се потчинуваат на исламистите. Цивили речиси и да нема, градот во ваква состојба и тешко дека може да заживее. „Луѓето беа во многу лоша состојба", вели Аднан Хадад од сириското опозициско радио Хара што се наоѓа на турска страна: „Не можеле со никого да комуницираат, едвај наоѓале храна и вода."
ИД се повлекува во подземје
Со падот на Рака падна уште еден симбол на ИД. Нивниот стратешки најбитен град во Ирак, Мосул, го загубија уште минатиот јуни. „Ова е крајот на Исламската држава", вели Хадад. Сепак многумина набљудувачи на ситуацијата се сомневаат дека терористичката организација наскоро ќе замине во историјата.
Околу 100-Тина терористи на ИД се проценува дека се уште се наоѓааа во градот, вели Рајан Дилон, портпаролот на анти-ИД коалицијата, која со бомбардирања ги поддржуваше борците на Демократските сириски сили во борбата против ИД. Претежно станувало збор за странски џихадисти. Одделот за операции во странство на ИД имал седиште во Рака - сега веќе не можат оттаму да планираат непречено напади во Европа и Турција, но сепак и по падот на Рака главните луѓе на ИД располагаат со мрежа џихадисти во странство со кои од подземјето и децентрализирано - и преку социјалните мрежи - може да комуницираат и да планираат напади.
Од аспект на пропаганда, падот на Рака сепак зададе голем удар, оти сега веќе не може да повикуваат истомисленици да се доселуваат на нивна територија. Но, самата идеологија потешко се избива од главите на нивните приврзаници. Уште потешко ќе биде ако има нови борби во најава - Рака е ослободена од ИД, но сега многу страни пројавуваат амбиции да владеат со градот и истокот на Сирија.
Кога ќе се совлада заедничкиот непријател
Демократските сириски сили офанзивата ја спроведоа со помош од САД. Околу 30-те илјади војници се 90% курдски сили на Партијата за демократската унија, сириски огранок на милитантната Курдска работничка партија. Ним им се придружија и неколку илјади арапски борци. Курдите ја освоија Рака и сакаат градот да го припојат на нивната автономна област Рожава. Но, Рака во основа е арапски град. Претежно сунитско-арапските жители курдското владеење би го доживеале како окупација.
И режимот на Башар Ал Асад сака да ја прошири својата територија. Затоа веројатно ќе дојде до трка за последните бастиони на ИД по долината на Еуфрат и во околната пустина, особено во делот богат со нафтени резерви, провинцијата Деир ез-Зор. На истокот на Сирија значи може да падне одлуката како ќе изгледа поствоениот поредок во регионот.
Битката за Мосул
Што се случува во Мосул од започнувањето на операцијата за ослободување на градот од „Исламска држава“?
Додека ирачките сили навлегуваа во територијата окупирана од „Исламска држава“, во операцијата за ослободување на Мосул, пронајдоа масовна гробница со стотина тела, повеќето обезглавени. Сликата покажува коски и тела во распаѓање кои беа ископани од земјата. Ирачки полициски офицер држи детска играчка која била најдена на местото.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo
Сведоштво за бруталностa
Гробницата која беше пронајдена во близина на градот Хамам Ал Алил во близина на Мосул е сведоштво за бруталноста на „Исламска држава“. Милитантите на ИД извршија серија на масакри по освојувањето на големи делови од јужен и централен Ирак во 2014 година. Оваа слика покажува ирачки војник кој врши инспекција на зграда која била користена како затвор од страна на ИД во Хамам ал Али.
Фотографија: Reuters/T. Al-Sudani
Ослободени од терор
Овие мажи, бегалци од ирачката област Хамам ал Али го прославуваат ослободувањето на нивното село од страна на ирачките сили. Сега можат да се вратат во своите домови.
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Al-Rubaye
Запалени полиња со нафта
Како одговор на воената офанзива, „Исламска држава“ ги запали полињата со нафта. Командир на ирачките воени сили изјави дека повеќе од 5.000 цивили биле евакуирани од источните делови на Мосул и биле сместени во кампови. Изненадувачката офанзива на здружените сили покажа дека дури и кога е под напад, ИД може да предизвика хаос во различни делови на Ирак кои се далеку од базата во Мосул.
Фотографија: Reuters/A. Al-Marjani
За што се војува во Мосул?
Чад се издига за време на судирот помеѓу Пешмерга и милитантите на ИД во градот Башика, источно од Мосул. Првично, градот беше користен од ИД за воспоставување на својот калифат, а подоцна како извор на ресурси. Мосул е база за операциите на ИД со хемиско оружје. Античкиот град Асириан е витален ресурс за приходи од данок и принудна работа за ИД.
Фотографија: Reuters/A. Lashkari
Улогата на ирачката армија и нејзините сојузници
Ирачките специјални сили се во засолниште откако нападнати од снајперски оган на ИС. Заедно со курдската Пешмерга и шиитските милиции, ирачките сили ги засилија борбите и продолжија кон освојување на погусто населени зони од градот без воздушна поддршка од коалицијата предводена од САД поради високиот ризик од цивилни жртви.
Во меѓувреме, дел од силите на курдската Пешмерга се фокусираат на други упоришта на „Исламска држава“ во северен Ирак и во градот Киркук каде ИС лансираше серија на насилства како одговор на напредокот на ирачката армија кон Мосул.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dicenzo
Бегалци од војната
Обединетите нации изјавија дека повеќе од 34.000 луѓе ги напуштиле своите домови во Мосул од почетокот на операцијата во средината на октомври. Три четвртини се сместени во кампови, а останатите во заедници за бегалци.
Фотографија: REUTERS
8 фотографии1 | 8
Конфликт меѓу САД, Иран и Русија
Тука може да има фронтален судар на регионални и меѓународни интереси. На Турција не ѝ оди во прилог Курдите уште повеќе да ја шират својата територија. Ако силите на Асад со поддршка од Иран и Русија на една страна и претежно курдските сили, поддржани од САД од друга страна се судрат за последните региони на ИД, ќе се најдат очи во очи две страни кои на ниедно друго место на светот немаат таков близок контакт: Русите и Иранците на една, Американците на друга страна. Американците по секоја цена сакаат да спречат Иранците да имаат територијално влијание во некоја идна Сирија.
При вакви можни конфронтации повторно загрозени се луѓето кои ќе се најдат меѓу двата фронта. Кој ќе се погрижи за повторната изградба на Рака? Рака, градот кој некогаш беше симбол за мултикултурно живеење и слобода. До пред неколку години тука мирен соживот имаа припадници на повеќе религии - од тоа денес речиси и да нема ништо веќе. Сѐ додека сунитското мнозинство во Рака, но и општо во Сирија, политички и социјално е угнетено, радикалната идеологија како онаа на ИД ќе има плодна почва. Околу 200-те илјади жители на Рака сега се во кампови во регионот. „Таму сега живеат жртви и припадници на ИД врата до врата", вели Фолкер Швенк.
Што всушност претставува „Исламска држава“?
„Исламска држава“, покрај разорувањата во Ирак и Сирија, во вестите често се наоѓа и поради нејзината бруталност. Што е ИД и колку е моќна? Во продолжение ви претставуваме одговори на најчесто поставуваните прашања.
Што е „Исламска држава“?
Се смета дека „Исламска држава“ е фракција од терористичката организација Ал Каеда, т.е. сунитска милитантна група, за која се верува дека е формирана како одговор на недовербата и фрустрациите од неуспешното владеење на владите во Сирија и Ирак. На нивното знаме пишува „Мухамед е пророкот на Бог“ и „Нема друг бог освен Алах“ - фрази со кои се согласуваат сите муслимани, не само „ИД“.
Фотографија: AP
Каде е активна „Исламска држава“
Целта на „Исламска држава“ е формирање на „калифат“ - држава каде се почитуваат традиционалните вредности на исламот и шеријатското право. Поради нестабилноста на регионите во Сирија и Ирак, „Исламска држава“ успеа да освои и да стави под своја контрола тероитории во двете држави.
Што ја прави „Исламска држава“ различна?
Клучна разлика е бруталноста на „Исламска држава“ со која се влева страв кај противниците и цивилите - преку егзекуцијата со обезглавување и бруталното насилство. Лидерите на „ИД“ велат дека владеат со регионите кои ги освојуваат. Експертот за Средниот Исток, Шади Хамид за ПБС изјави: „Тие нудат социјални услуги. Управуваат со локалната власт. Обезбедуваат минимално ниво на право и поредок“.
Фотографија: gebphotography - Fotolia.com
„ИД“ во однос на останатите терористички организации?
„ИД“ е активна во Сирија и Ирак, но нигериската терористичка организација Боко Харам неодамна ја изрази својата поддршка. Тоа е како натпревар во суровост: додека Боко Харам е одговорна за 13.000 смртни случаи, „ИД“ е одговорна за најмалку 24.000 повредени или убиени. Ал Каеда се дистанцираше од „ИД“, а една од нејзините фракции наречена Нусра Фронт се бори против „ИД“.
Фотографија: Getty Images/A. Katib
Кои се следбениците на „Исламска држава“?
Нешто по кое се разликува „ИД“ се нејзините следбеници. Повеќе од 20.000 странски борци се придружија на групата, од кои повеќе од 4.000 доаѓаат од западна Европа и северна Америка. На сликата се прикажани државите од каде што потекнувааат најголемиот дел на борците. Најголем број борци - споредено со вкупниот број на жители на земјите, доаѓаат од мали земји како Шведска и Белгија.
Што преземаат западните влади против „Исламска држава“?
Од август 2014 година, коалиција предводена од САД спроведува воздушни напади против цели на „ИД“ во Сирија (1.422 напади) и Ирак (2.242 напади). Некои влади исто така беа активни во рамките на нивните држави: Германија ќе процесуира најмалку 30 осомничени милитанти кои се вратиле од Сирија, додека Саудиска Арабија уапси 93 осомничени милитанти во април 2015 година.