1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ракетите како средство на отпор

Карстен Кинтоп/ А.Трајковска14 јули 2014

Многумина Палестинци во Појасот Газа и во Западниот Брег се согласни со ракетните напади врз Израел. По пропаѓањето на мировните преговори се загуби и надежта за политичко решение на кризата.

Фотографија: Reuters

Ракети од Појасот Газа на небото над Тел Авив, борбени авиони и беспилотни летала: Пеластинците и Изралеците ги продолжуваат меѓусебните борби. По војните во 2008 и 2012 година двајцата непријатели повторно се во судир. Повеќе од 160 Палестинци го загубија животот од почетокот на новата конфронтација која се разгоре на крајот на јуни, преку 1100 луѓе се повредени.

Што беше искрата која предизвика нов бран насилство? Дали тоа беше грабнувањето и убиството на тројца израелски тинејџери во Западниот брег? Израел тврди дека зад ова злосторство стои Хамас, но тоа до денес не е потврдено. Или пак тоа беше убиството на 16 годишно момче со палестинско потекло од страна на еврејски екстремисти? Во зависност од гледиштето, на овие прашања има различни одговори. Хамас истрелал ракети врз Израел и против тоа Израел морал да се одбрани, вели израелскиот експерт за безбедност Шаул Шаи од интердисциплинариот центар „Херзлија“.

Нова форма на отпор

Правничката Раниа Мади од палестинската организација за човекови права „Бадил“ има поинакво гледиште. За неа ракетите од Газа се реакција на случувањата на грабнувањето и убиството на тројцата израелски тинејџери во Западниот Брег. Израел на тоа реагирал претерано. Војската уапсила стотици невини, ги уништила куќите на двајца членови на Хамас без да има докази против нив. Кон ова се надополнува тоа што палестинските автономни власти дозволиле да се случи сето тоа. Тоа наиде на вознемиреност кај многумина и ги предизвика да ги одобрат ракетнтеи напади од Газа. „Повеќето се левичари и не го поддржуваат Хамас. Но, тие го поддржуваат отпорот“, вели Мади.

Воздушен напад во градот ГазаФотографија: Reuters

Тешки животни услови

Во Појасот Газа многу луѓе се солидарни со Хамас и од други причини, вели политикологот Усама Антар од Ал Азхар универзитетот во Газа. Животните услови биле многу тешки, а луѓето биле третирани како животни, вели Антар. Ним им била доделувана храна, и не смееле да имаат барања и пред сѐ да не го напуштаат Појасот Газа. „Никој не може да прифати да живее во такви околности.“

Отпорот бил и затоа легитимен, оти Газа, од меѓународно-правен аспект сѐ уште е окупирана од Израел, вели Раниа Мади. „Населението ниту има пристап до море ниту во воздушниот простор. Тие неможат да го напуштат Појасот Газа“, аргументира оваа палестинска правничка. „Границите ги контролира Израел. Затоа Појасот Газа и натаму се смета за окупиран“.

Око за око

Антар и Мади и противречат на тезата дека Хамас употребувал ракети за да поврати загубен политички терен. Борбата не се води само од Хамас и други исламистички групи, туку им се приклучуваат и членови на секуларниот Фатах. „Сите тие сметаат дека ракетите се дел од отпорот“, вели Усама Антар. Израел водел безобѕирна политика, смета политкологот од Газа, а Палестинците тоа не сакале да го прифатат.

Израелески војници на границата со Појасот ГазаФотографија: Reuters

И двајцата експерти, Антар и Мади се единствени дека би било многу попаметно веднаш да се заврши оваа војна и да се најде политичко решение. Но, тоа во моментов е невозможно, вели Антар. Меѓу другото и поради тоа што Палестинските автономни области немаат одлучна политика кон Израел. Тој посакува мерки на меѓународно ниво, особено пристап на Палестинците кон Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Кога договорот би бил потпишан, Палестинците би можеле да преземаат правни мерки против Израел и на тој начин да ги стават под голем притисок. „Нетанјаху и неговата влада се плашат од Меѓународниот кривичен суд“, вели политикологот од Газа. „Тоа би ги задржало, да не преземаат брутални чекори против луѓето во Појасот Газа“. Сепак претседателот на Палестинците Махмуд Абас се колебал да ги направи соодветните чекори.

Абас се наоѓал под голем меѓународен притисок, појаснува Раниа Мади. Доколку претседателот на Палестинците би ја потпишал пристапницата за Меѓународниот кривичен суд, западните држави во одредени околности би биле обврзани сите израелски доселеници на Западниот Брег да се сметаат за политички кривични сторители. Тоа би бил тежок чекор за меѓународната заедница.

Ракетен напад во СдеротФотографија: Yefimovich/Getty Images

По пропаѓањето на мировните преговори и последната ескалација на насилството кај многумина Палестинци се губи и надежта за политичко решение. Ракетите од Газа од воен аспект се без влијание, вели Усама Антар, но тие биле знак дека Палестинците не сакаат да потклекнат пред Израел. Од оваа ситуација корист би можел да има Хамас. Повеќето Палестинци веруваат дека Хамас може да му се спротистави на Израел. Во нивните очи потфрлија дипломатијата и политиката. Како последна опција се чини го имаат само насилството.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми