Ова беше спортска година на сензационални успеси, неочекувани блесоци, но и на резултатски разочарувања. Година превртлива и контроверзна, каков што е впрочем и карактерот на спортот.
Реклама
Никогаш нема да се заборави победнички крик во Ланксес арената во Келн и вардаровото ракометно крунисување. Или пак како некоја волшебна рака да ги водеше Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед до Македонија, за да ги одмерат силите во скопската фудбалска арена, под чии сводови вечно ќе остане присутен духот на фудбалските титани. Нешто поубаво, тешко можеше и да се замисли!
Од која и да било страна да се погледнат македонските спортски врвови во годината што си оди, доминантен е ракометот и црвено-црната вардарова боја. Навираат сликите од Келн, од антологиските вардарови надигрувања.Драмата во полуфиналето против Барселона чиј јунак беше Лука Циндриќ со победничкиот гол се покажа дека е само увертира за завршната претстава од Лигата на шампионите. Финалето против Пари Сен Жермен имаше уште повозбудливо сценарио, со последниот победнички јуриш предводен од Иван Чупиќ и неговата гол-магија.Вардар го крена пехарот,стана европски ракометен шампион, ја крена и нацијата на нозе. Триумф на долгорочната успешна клупска стратегија со историска резултатска позлата.
Еуфорија по големиот ракометен успех на Вардар
Еуфорија по големиот ракометен успех на Вардар
Фотографија: DW/Petr Stojanovski
„Ој, Вардаре македонски“...
... ечеше од грлата на граѓаните дојдени во центарот на Скопје да ја прослават големата победа. Татнеж и ечење на сирени имаше до доцна во ноќта.
Фотографија: DW/Petr Stojanovski
Шампионите ги згреаја срцата...
... на илјадници граѓани. Вардар нѐ обедини! Ова ни беше потребно, може да се прочита во коментарите на социјалните мрежи.
Фотографија: DW/Petr Stojanovski
Успех за паметење
Титулата на Вардар е еден од најголемите успеси на македонскиот спорт. Македонија е шестата земја која има победник во Лигата на шампионите, покрај Шпанија, Германија, Франција, Словенија и Полска.
Фотографија: DW/Petr Stojanovski
Исполнување на сонот
Долго ќе се прераскажува драмата во два чина - полуфиналето против Барселона со победа од 26:25, а потоа и финалето против ПСЖ со триумфални 24:23. Вардар е на тронот, а тоа на крајот е единствено важно!
Фотографија: DW/Petr Stojanovski
Импресивна сезона
Ракометарите на Вардар остават зад себе сезона за паметење со четири освоени победнички пехари: во првенството и во Купот на Македонија, во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите. Тоа навивачите знаат да го ценат.
Фотографија: DW/Petr Stojanovski
5 фотографии1 | 5
Претходница на Келн беа настаните на женскиот завршен турнир од Лигата на шампионите во Будимпешта. Се заврши со длабока воздишка за вардаровата „поубава“ клупска половина. Откако „вардарките“ во третиот свој обид успешно го минаа полуфиналниот тест против Букурешт, се соочија со унгарскиот Ѓер, мотивиран и носен од домашниот амбиент. На 26:26 Вардар го имаше последниот напад, но не успеа да ги отвори „рајските порти“. Унгарките, во продолжението не му дадоа втора шанса на македонскиот првак,кој загуби со 31:30.
Моменти за паметење
01:14
На исклучителната вардарова година, се надоврза и македонската ракометна репрезентација, која предводена од ракометниот маг Раул Гонзалес, успешно ги мина квалификациите и избори виза за учество на Европското првенство во Хрватска во јануари 2018 година.
Македонија ги пречека своите шампиони
Македонија ги пречека своите шампиони
Фотографија: DW/Petr Stojanovski
Скопје, 06.06.2017
Ракометарите на Вардар по големиот успех пристигнаа во Скопје. На европските прваци им беше приреден еуфоричен пречек. Тие од македонскиот претседател Иванов се одликувани со „Медал за заслуги за Македонија", а ракометниот клуб Вардар добива признание „Повелба на Република Македонија". Вардар во финалето на Лигата на шампиони го совлада ПСЖ со 24:23.

Фотографија: DW/P. Stojanovski

13 фотографии1 | 13
Фудбалско будење
Низ напластеното со темни облаци, македонско фудбалско небо одеднаш се појави зрак.Блесок на селекцијата на Македонија до 21 година, изненадувачки за сите. Радески, Велковски,Барди, Марковски, Бабунски ...предводени од селекторот Милевски во квалификациската група ги ставија под нозе една Франција,Украина, Исланд, островјаните Шкотска и Ирска и победнички зачекорија на големата сцена. Друштвото на македонските фудбалски надежи, кое ги растрепери спортските срца, станаа дел од 12-те привилегирани репрезентации. На Еуропеото во Полска, без турнирско искуство, растоварени од императиви одиграа нерешено со Србија, а ги загубија дуелите против моќните Шпанија и Португалија.
Историски успех на младите македонски фудбалери
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година е првата фудбалска селекција од земјата која изборила пласман на едно големо натпреварување. Победата од 2:0 над Шкотска го отвори патот на ЕП во Полска
Фотографија: P. Stojanovski
Историски успех
Фудбалската репрезентација до 21 година влезе во историјата откако стана првата фудбалска селекција која обезбедила пласман на едно големо натпреварување.
Фотографија: P. Stojanovski
Клучна победа над Шкотска
Во решавачкиот меч во Скопје против Шкотска, младите фудбалски надежи извојуваа победа од 2:0. Во прилог на нивните шанси одеше и победата на Украина на гостувањето кај Исланд.
Фотографија: P. Stojanovski
Голови за славје
Првиот гол на мечот против Шкотска го постигна Кире Маркоски во 18. минута, а вториот со кој беше поставен и конечниот резултат беше дело на Енис Барди (на фотографијата) само четири минути подоцна.
Фотографија: P. Stojanovski
Оро наместо прес-конференција
Славјето продолжи во салата за прес-конференции каде младите играчи буквално „упаднаа“ проследени со народни песни и ора.
Фотографија: P. Stojanovski
Будење дури во Полска
„Овие момци се херои, искрено ќе кажам дека ни самите не знаат колку вредат. Им реков да не се будат од сонот и на натпреварувањето во Полска“, изјави селекторот Благоја Милевски по мечот.
Фотографија: P. Stojanovski
Конечно радост и за вљубениците во фудбалот
И македонските фудбалски навивачи конечно добија можност да прослават еден голем успех на домашните селекции. Капитенот на сениорскиот тим, Горан Пандев порача дека „би ги заменил сите национални, куп, европски и светски титули, голови и лични признанија“ за само еднаш да доживее ваков магичен успех во дресот на националната селекција.
Фотографија: P. Stojanovski
Што е следно?
Македонија натпреварите во Групата 3 ги заврши со шест победи, три нерешени
и еден пораз, освојувајќи вкупно 21 бод. Покрај Македонија и домаќинот Полска, на ЕП се пласираа уште Чешка, Данска, Англија, Германија, Италија, Словачка, Шведска и Португалија. Србија, Австрија, Норвешка и Шпанија низ бараж натпревари ќе одлучат за последните двајца патници.
Фотографија: P. Stojanovski
7 фотографии1 | 7
Но,овие млади момчиња нагло им ги отворија очите и на стручњаците и на јавноста дека постои надеж за подобри фудбалски времиња. Селекторот Игор Ангеловски им ја отвори портата на сениорската репрезентација на Македонија, која беше загубена во квалификациите за Мундијалот во 2018-та во Русија, во март 2017-та потоната на 166-то место на ранкинг листата на ФИФА. Сликата нагло се смени! Македонија, групата ја заврши со 11 бодови, против Италија на гости одигра 1:1, од 9-те мечеви оваа година загуби само еден, против Шпанија со 2:1 и направи прогрес од неверојатни 88 места на листата на ФИФА. Годината ја завршува на 78-то место!
Во ова контроверзно живеење низ кое минува македонскиот фудбал, со слаба, „исплакната“ лига, со лоша инфраструктура, со голо преживување на најголемиот дел од клубовите, Вардар успеа да направи сензационален исчекор во Европските купови. Двобојот на „Давид и Голијат“ против Фенербахче го доби и стана првиот македонски клуб учесник во групната фаза од Лигата на Европа. Се покажа дека тоа сепак бил момент на инспирација, кој повеќе не се повтори во натпреварите против Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг, што следуваа потоа ...!
И конечно, 8 август за паметење! Скопје долго живееше за тој ден, за Суперкупот на УЕФА, особено откако актери на фудбалскиот спектакл станаа Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.натпревар за каков можеше само да се мечтае! Требаше да се има многу среќа да се дојде до влезен билет. Допатуваа двете клупски свити во Скопје, со сиот гламур што го носат со себе, одиграа содржаен меч, Реал победи со 2:1. Скопје го почувствува здивот на гигантите, атмосферата и амбиентот во кој се одвиваат најголемите фудбалски настани. Вечер неповторлива, за незаборав.
Кошаркарско тонење
Не беше толку одамна бајката низ која минуваше македонската кошарка. Македонија на Европското првенство во 2011-та во Литванија влезе во ½ финалето во битката за медали! Се соочи и со шанса да игра на Олимпијада!
Денес Македонија е на дното! Направи изостанок на годинешниот Еуропео, по четирите последователни учества. Резилот да биде уште поголем, не ги мина предквалификациите за светското првенство. Остана поразена и понижена во надигрувањето со Естонија и Косово!!! Некој мора да биде виновен за оваа стравотија низ која минува македонската кошарка.По обичај, тоа беа селекторите, кои се сменуваа со секоја наредна година и со секој резултатски неуспех: Лазовски (2012), Пипан (2013), Џикиќ (2014), Србиновски(2015), Раца(2016). Актуелниот стратег е Јорданчо Давитков,кој во моментов ги вади врелите компири.Врие деновиве во македонската кошаркарска федерација.На тапет е претседателот Петар Наумоски. Покрената е иницијатива од некои клубови за негова смена, а тоа ќе биде една од првите точки на дневен ред во 2018 година.