1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рама:за границата на Косово по добивањето независност

Александар Чомовски20 април 2006

Ова го изјави шефот на албанските Социјалисти Еди Рама кој е во посета на Скопје

Наредната недела косовскиот премиер ќе биде во Скопје.Паднаа во вода надежите дека Агим Чеку би дал писмени гаранции дека Косово ќе ја уважува постојната демаркациона линија кон Македонија.Приштинските власти,но и меѓународната заедница со различни,конфузни сигнали-дали разграничувањето да се офцијализира пред финалниот статус на покраината.Американското посредување американската амбасадорка во Скопје Џилијен Миловановиќ го сведе на значајно прашање,кое треба да биде решено без оглед на конечното решение за Косово.Неговата безусловна независност е единствен избор за мирен регион,рече во Скопје Еди Рама,шеф на опозициските Социјалисти во Албанија.

Прашањето за границата треба да го реши Косово по добивањето независнот:

-Ова прашање треба да го решат Косоварите откако ќе станат независни,тие и само тие ќе решаваат за границата кон Македонија,вели Еди Рама,градоначалник на Тирана,кој во својство на лидер на Социјалистите разговараше со македонскиот премиер,како гостин на одбележувањето на 15 годишнината од СДСМ.И кај властите во Скопје владее конфузија,отпаднаа надежите на Бучковски дека Приштина е фактор за обележување на 200 км долгата граница кон Косово.

-Оние комбинации кои ги правевме ние,праќањето сигнали кон Белград и кон Приштина,не вродија плод,зашто клучот е кај меѓународната заедница,таа не треба да бега од решавањето на ова прашање.Ако сакаат Косоварите да разговараат за независност,треба да го затворат отвореното прашање со Македонија и да продуцираат стабилност,изјави Бучковски неодамна.Во меѓувреме,одделни локални политичари во Македонија изјавија дека за косовските жители кои имаат имот кај спорната кота кај Скопска Црна Гора им се нуделе пари од македонските власти за откуп на нивните парцели што се наоѓаат на територија на Македонија.Владата на Бучковски тоа решително го демантира.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми