1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Рама го нападна германскиот министер за здравство Шпан

ЕМФ | агенции
26 мај 2021

Албанскиот премиер Еди Рама е огорчен поради изјавата на германскиот министер за здравство Јенс Шпан за поврзаност на патувањето на Балканот со зголемениот број корона-инфекции во Германија.

Kanzlerin Merkel empfängt albanischen Ministerpräsidenten Edi Rama
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

„Еден германски министер за здравство би требало да се грижи за вакцинација на германското население, а не да создава стереотипно расположение против Балканот, за очигледно да го одбрани лошиот биланс (во пандемијата, н.з.)“, изјави албанскиот премиер Еди Рама за весникот „Билд“.

Тој реагира на изјавите на германскиот министер за здравство Јенс Шпан дадени за „Билд ам Зонтаг“ пред два дена, кој рече дека минатото лето „патувањата во странство, често посети на роднини во Турција и на Балканот, кај нас, во фази, предизвикуваа околу 50% од новите инфекции“. Тоа, според Шпан, треба да се спречи ова лето.

„Скандал е што еден германски министер јавно го прозива Балканот и со тоа ги девалвира луѓето со миграциско потекло. Нема да дозволам Албанија да се претставува како ризично подрачје за патување на одмор, нема бројки кои тоа го докажуваат“, изјави Рама.

Јенс Шпан - мета на критикиФотографија: Sean Gallup/Getty Images

Критики на сметка на Шпан упати и заменикот претседател на Турската заедница, Серхат Улусој. Тој оцени дека Шпан „става под генерално сомневање цели групи од населението“ и „ѝ отвора врата на стигматизацијата“. „Вториот бран е создаден дома и добар корона-менаџмент изгледа поинаку“, вели Улусој, кој оценува дека Шпан сака „изборна борба по секоја цена и врз грбот на луѓето“.

Повеќе:

(Не)возможна мисија: Патување за Божик во татковината

Дали коронавирусот во Германија доаѓа од Балканот?

Весникот „Тагесшпигел“ оди по трагата на изјавите на германскиот министер за здравство и оценува дека истражувањата покажале оти изјавите на Шпан се „содржински во најмала рака недокажани и веројатно погрешни“. Според весникот, замена на поими води до погрешни заклучоци. „Од сите инфекции се препознава и пријавува само дел - минатото лето многу помалку отколку сега, затоа што тогаш немаше на располагање брзи тестови и се тестираше многу помалку. За оние кои се враќаа од одмор, меѓутоа, од август 2020 година беа понудени бесплатни тестови, а балканските држави, како и Турција, важеа за ризични подрачја. Оттука, инфекциите меѓу оние кои се враќаа од овие земји веројатно беа многу повеќе регистрирани, отколку кај остатокот на населението, што создава крива слика. Шпан, пак, создава погрешен заклучок како да се работи за сите инфекции, а не само за случаите кои се пријавени. Но, дури и за пријавените случаи, изјавите на Шпан можеби не се точни. Затоа што според тогашните извештаи на институтот 'Роберт Кох', кај секој трет случај не е заведено во која земја лицето најверојатно се заразило“, пишува меѓу другото „Тагесшпигел“.

Патување во ЕУ

01:00

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми