Ранети полицајци во општина Зубин Поток
1 април 2014Во селото Бање, во општина Зубин Поток, непознати лица од заседа отвориле оган врз патрола на Косовската полиција и раниле три лица.
Еден од повредените е пренесен во болница во Косовоска Митровица, а останатите двајца побарале лекарска помош во Зубин Поток.
Портпаролот на Косовската полиција Баки Кељани за агенцијата Бета потврди дека вчеравечер се случил вооружен напад и дека според неговите сознанија се поврдени полицајци од српска националност. Спoред неговите зборови деталите од истрагата не се познати, бидејќи таа е во тек.
Директорот на здравствениот центар Милан Ивановиќ изјави дека во пукотница во близина на Зубин Поток е повреден Оливер Кузмановиќ, кој се здобил со повреди на градниот кош и стомакот.
Косовските медиуми исто така јавуваат дека во пукотницата кај Зубин Поток се повредени полицајци од српска националност, припадници на пограничната полиција.