1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расизмот во Источна Германија

20 април 2006

Неколку дена по бруталниот расистички напад врз Германецот од етиопско потекло во Потстдам, и натаму нема трага од извршителите за кои се смета дека доаѓаат од десно-екстремното милје.

Местото на последниот расистички напад во Потсдам
Местото на последниот расистички напад во ПотсдамФотографија: picture-alliance/ ZB

Од повторното обединување на Германија пред 16 години, посебно во источниот дел на земјата се проширија појавите на десно-есктремни и расистички насилства. Тоа пак, не значи дека слични дела не се случуваат и во старите покраини, меѓутоа заднината се разликува.

Случајот во Потсдам за жал не е посебен. Според информациите на министерството за внатрешни работи на Бранденбург, од 97 десно-екстремни насилнички дела во минатата година, 31 биле со мотиви на омраза кон странците. Најновиот расистички напад всушност, е само дел од низата слично мотивирани. Градоначалникот на Потсдам Јан Јакоб сепак го брани градот и неговиот добар глас:

„Овде во Потсдам нема организирана десна сцена. Тоа не разликува од другите градови, на пример, од Берлин. Сепак, Потсдам редовно се избира за тука да се изведат акции. Ова е една таква. Второ, точно е дека овде има еден круг симпатизери кој сепак не е голем. Се претпоставува дека има околу 100 симпатизери кои се наоѓаат под присмотра на полицијата. Дали напаѓачите се од тој круг, во моментов не знаеме, но се надевам дека набргу ќе бидат пронајдени„.

Од каде ова брутално насилништво пред се насочено кон луѓе што личат на странци? Дали затоа што источно-германското општество во 1990 година само ги презеде вредностите на новиот државен поредок, но не ги прифати суштински и затоа до денес постои диференцираност кон тие вредности? Прашања на кои не може едноставно да се одговори. Волфганг Арнолд од сојузот за демократија и толеранција зборува за различни појдовни позиции по крајот на војната во двата дела на Германија, односно за запознавањето на луѓе од други земји:

„Во старите покраини имавме среќа од почетокот да градиме меѓународни врски, што не беше случај во ГДР. Први беа Италијанците, потоа дојдоа Југословените. Доаѓаа групи што не ги познававме зашто бевме излоирани, но тоа полека се надмина. Во ГДР таквото отворање не беше можно, а сега се табуизира и историјата на ГДР. Секако, ова објаснување не е оправдување. Затоа може да се праша: дали е тоа тешко во новите покраини? Јас велам дека е поинакво„.

Непријателствот кон странците секако не е автоматски организирано од десните екстремисти, туку се наоѓа во главите, иако чекорот до таму не е голем. Десните екстремисти ги затворија појавените дупки и ги привлекуваат младите со нивните атрактивни понуди. На тоа мора нешто да му се спротивстави. Додека Запад располага со структури против десниот екстремизам во долгогодишната битка со него кои се длабоко всадени во широките маси, сличните сојузи на Исток тешко фаќаат корен зашто едноставно нема такви структури, подвлекува Волфганг Арнолд:

„Јас не можам да кажам дека требаше да се задржи поранешната младинска организација, но тоа сепак беше организација. Црквите се преслаби за тоа„.

Во сето ова родителскиот дом и училиштата играат улога. Меѓутоа, училиштата не се доволно смели, веројатно поради сопствената несигурност заради економски тешката ситуација. Централниот совет на Евреите во Германија во врска со ова оценува дека станува збор за промашена политика кон младите и во образованието. Оној што не се грижи за младите на самото место, не треба да се чуди што нив ги преземаат партии од десно-радикалниот спектар. Никако не смеат да се кратат средствата за програмите за млади и за програмите против десниот радикализам. Се разбира и економската ситуација во новите сојузни покраини игра одредена улога, меѓутоа само тоа не може да биде причина, вели Волфганг Арнолд:

„Кога во новите покраини би имало поголем растеж, се сомневам дали и тогаш целиот менталитет одеднаш ќе стане демократски. Имено, може да има голем подем и без демократија. Само економските не се причините за ова зло. Многу малку работа се нуди токму за младите и со младите„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми