Расмусен: КФОР не го прекрши мандатот на ОН
6 октомври 2011„Сметаме дека КФОР реагираше внимателно, одлучно и непристрасно, почитувајќи го мандатот на ОН, изјави Расмусен на прес-конференција во Брисел, на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО. Расмусен, исто така, оцени дека политичкиот дијалог Белград и Приштина, под покровителство на ЕУ, е единственото решение за сите жители на Косово, без разлика на нивното етничко потекло.
Денеска (06.10) министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата треба да дебатираат за мисиите во Либија и Авганистан. Ангажманот во Либија, по речси половина година од почетокот, важи за речиси завршен. НАТО ќе ја процени способноста на новите либиски власти да го заштитат цивилното население пред да донесе одлука за прекин на воените операции во земјата, изјави генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен. Мисијата на НАТО во Авганистан треба да породлжи најмалку до крајот на 2014 година.
Автор: ЕМФ/дпа/миа
Редактор: Симе Недевски