1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расмусен: Поради конфликтот во Украина потребни се нови одбранбени планови

АТ/ миа/ афп3 август 2014

Како реакција на руската поддршка на бунтовниците во Украина, генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен најви засилени воени вежби и подготовка на нови одбранбени планови.

Фотографија: DW

Генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен најави дека Северноатлантската алијанса ќе подготви нови одбранбени планови, соочена со „руската агресија“ на Украина и ги повика земјите - членки да ги зголемат вложувањата во војската.

„Руската агресија беше предупредување и создаде нова безбедносна ситуација во Европа. Ќе ги зголемиме воените вежби и ќе подготвиме нови одбранбени планови“, изјави Расмусен во интервју за францускиот весник „Миди либр“. Цел на рускиот претседател било да создаде нови зони на влијание на границите на Русија.

Тој истакна дека ќе ги охрабри членките на НАТО да ги зголемат вложувањата во секторот на одбраната. Расусен потсети дека во изминатите пет години Русија за 50 отсто ги зголемила вложувањата во својот одбранбен сектор, додека земјите од НАТО тие вложувања ги намалиле, во просек, за околу 20 проценти. „Мораме да го смениме тој тренд“, додаде генералниот секретар на НАТО, речиси еден месец пред самитот на НАТО во Велс на 4. и 5. септември.

Во однос на најверојатно соборениот малезиски патнички авион над Источна Украина, шефот на НАТО се пруклучи на гледиштето на американската влада. „Имаме голем број информации кои докажуваат дека се винови сепаратистите поддржувани од Русија“, рече Расмусен. Соборувањето на боингот 777 со 298 патници и членови на екипажот било „воено злосторство“. Додека украинската армија ја продолжува офанзивата против проруските бунтовници, експерти од Холандија и Австралија се обидуваат да ги пронајдат исчезнатите на местото на катастрофата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми