1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расмусен ја повикува Русија да си ги повлече трупите

Александар Методијев/ројтерс/миа10 април 2014

Русија мора да ги повлече трупите од украинската граница ако сака да почне дијалог за тамошната криза, порача денеска генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен. Русија го обвинува НАТО дека ја искористува кризата.

Фотографија: Reuters/Francois Lenoir

Генералниот секретар на НАТО за време на посетата на Чешка, земјата-членка на НАТО, изјави дека секоја следна воена акција од страна на Русија ќе доведе до тешки последици и масивни економски санции. Според Расмусен, набљудувачите од НАТО оцениле дека Русија има распоредено околу 40.000 трупи во близина на Украина. Расмусен нагласи дека тие „не тренираат, туку се подготвени за битка“. Затоа генералниот секретар на НАТО укажа дека Русија мора да ги повлече своите трупи од украинската граница како прв чекор за почеток на дијалог.

„Од Прага ја имам оваа порака до Русија – имате избор да запрете да ги обвинувате другите за вашите постапки, да запрете да ги зголемувате вашите трупи, да ја запрете ескалацијата на оваа криза и да почнете да се ангажирате во вистински дијалог“, рече Расмусен.

„Ги гледаме сателитските снимки ден за ден. Русија ги разгорува етничките тензии во источна Украина и провоцира немири. Русија ја користи и совјата воена моќ за да диктира дека Украина треба да стане федерална, неутрална земја. Тоа е одлука што само Украина, како суверена држава, може да ја донесе“, додаде генералниот секретар на НАТО.

Алијансата не разговарала за воена интервенција и нејзиниот прв човек смета дека излезот од украинската криза е преку дипломатија. Русија, САД, Украина и ЕУ следниот четврток во Женева ќе се обидат да преговараат за ставање крај на кризата во Украина.

Во меѓувреме, руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини НАТО дека ја користи кризата во Украина за да ги зголеми своите барања до членките и да го оправда своето постоење, мобилизирајќи ги против измислена надворешна закана.

„Постојаните обвинувања против Русија од страна на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен не уверува дека Алијансата се обидува да ја користи кризата во Украина за да ги збие своите редови против имагинарна надворешна закана врз членките на НАТО и да ги зајакне нејзините барања во 21 век“, смета руското МНР.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми