1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расплет на уште една афера од вителот на тајните сметки на ЦДУ

28 јуни 2005

Денеска во Покраинскиот суд во градот Аугсбург почнува долго подготвуваниот процес против државниот секретар при Министерството за одбрана Лудвиг Холгер Пфалс, обвинет за подмитливост и даночна измама.

Лудвиг Холгер Пфалс при екстрадицијата во јануари 2005
Лудвиг Холгер Пфалс при екстрадицијата во јануари 2005Фотографија: AP

Процесот има и своевидна политичка тежина, бидејќи аферата околу Пфалс почна да се расплеткува во контекст на тајните сметки на Христијанско демократската Унија, во чиј вител потона дури и канцеларот на обединувањето Хелмут Кол.

На 13. јули минатата година единица на француските специјалци во самиот центар на Париз уапси еден 61-годишен човек во бел костум. По цели пет години бегство полицијата конечно му влезе во трага на поранешниот шеф на германската Служба за заштита на уставниот поредок и подоцна прв секретар во Министерството за одбрана, Лудвиг Холгер Пфалс. Негде во почетокот на 90-тите години, тој потпаднал под влијание на лобистот Карлхајнс Шрајбер, кој со големи пари се обидувал да создаде поволна клима во германската политика за зделките со оружје. Холгер Пфалс бил особено интересен, поради улогата на прва виолина во Министерството за одбрана: „државен секретар број еден„ задолжен за прашања на вооружувањето. Кариерата на Пфалс беше молскавична. По само неколку години работа како адвокат и судија, тој влезе во покраинската влада на Баварија. Таму за само 4 години од референт при Министерството за екологија стана шеф на кабинетот на баварскиот премиер, тогаш легендарниот Франц Јозеф Штраус. Тоа беше во 1981-та година, кога Пфалс имаше само 39 години. Четири години подоцна овој човек од доверба на Штраус се најде на чело на Службата за заштита на уставниот поредок на Германија, за во ’87-та да мине во Министерството за одбрана – секако повторно на препорака на Франц Јозеф Штраус. Овде тој стана многу интересен за лобистите на индустријата за оружје, бидејќи во негова надлежност беше одобрувањето или отфрлањето на извозот на оружје. Тогаш стануваше збор за подморници за Индонезија, за една фабрика за тенкови во Канада и клучната точка од обвинението – извозната зделка за тенковите за Саудиска Арабија.

Во февруари 1992-та Пфалс неочекувано ссе повлече од важната позиција во Министерството за одбрана и се профилираше како менаџер во концернот Дајмлер Крајслер – прво во Белгија, а потоа подалеку, во Сингапур. Под лупа на германската даночна полиција Пфалс се најде во 1995-та, кога беше пронајден (случајно или не) тефтерот на лобистот за оружје Карлхајнц Шрајбер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми