Со оглед на кревкото примирје во источна Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден. Русија претходно ги предупреди Западот и НАТО.
Реклама
Претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска ја истакна поддршката на САД за Украина. Во разговорот со украинскиот претседател, Володимир Зеленски (насловна фотографија), прв по извештаите за разместување на руските трупи на источната граница на Украина, Бајден ја потврди „непоколебливата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина пред руската агресија која е во тек“, наведе Белата куќа во соопштението.
САД и Украина наведуваат дека Русија ги засилува тензиите во источна Украина каде сепаратистите, кои ги поддржува Русија, се борат против украинските сили од 2014 година. Русија негира воено присуство на истокот на Украина.
Пентагон во минатата недела ја обвини Русија дека го крши запирањето на огнот од 2020 година и го наведе конфликтот од 26 март кога загинаа четворица украински војници од руски минофрлачки напад, како што тврди украинската војска.
Во порака на Твитер, по разговорот со Бајден, Зеленски напиша оти Украина и САД се заедно во зачувување на своите демократии и го нарече партнерството со САД „пресудно“ за Украина.
Бајден, исто така, нагласи оти е посветен на ревитализација на стратешкото партнерство меѓу двете земји и оти ја поддржува борбата на Зеленскипротив корупцијата и промовирањето на демократски реформи, наведе Белата куќа.
Зеленски и Бајден разговарале и за соработката за зајакнување на демократијата во Источна Европа и во сузбивањето на пандемијата со Ковид-19, се додава во американското соопштение.
Русија претходно предупреди на војниците на НАТО кои ја поддржуваат владата во Киев. „Таквото сценарио несомнено би довело до натамошни тензии во близина на руските граници“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во Москва. „Се разбира, руската страна тогаш ќе мора да преземе дополнителни мерки за да ја осигури нивната безбедност“. Песков не прецизираше што значи: „сè што е потребно“.
Хронологија на поморските тензии помеѓу Украина и Русија
На инцидентот на 25 ноември, во кој руски бродови ракетираа украински воени пловила, му претходеа месеци на тензии во Азовското Море. ДВ пишува за главните фази на конфронтацијата во Керчкиот проток.
Фотографија: Universität der Bundeswehr
Соработка меѓу Украина и Русија - на хартија
„Сите прашања поврзани со Азовското Море и Керчкиот проток треба да се решаваат само со мирни средства заеднички или со договор помеѓу Украина и Русија ...“ Ова се зборовите од преамбулата на Договорот меѓу Украина и Руската Федерација за соработка во користењето на Азовското Море и теснецот Керч, постигнат во 2003 година.
Фотографија: Imago/Russian Look/S. Fomine
Конфликти во Керчкиот проток - врз која основа?
Според меѓународното право, трговските и воените бродови треба слободно да пловат во Азовското Море и теснецот Керч. Сепак, по анексијата на Крим од страна на Русија во март 2014 година, реалноста во Азовското Море почна да се движи сѐ подалеку од овој правен принцип.
Фотографија: Reuters/A. Bainozarov
ЕУ ја критикува Русија
Ситуацијата се влоши со отворањето на Керчкиот мост, кој ги поврзува Таманскиот и Кримскиот полуостров. Пред тоа, според резолуцијата на Европарламентот од 25 октомври 2018 година, руските инспекции во Азовското Море беа селективни и не го нарушуваа слободното движење на бродови и товар. Но, од пролетта 2018, според прес-службата на ЕУ, Москва демонстративно создава пречки во трговскиот превоз.
Фотографија: picture-alliance/Winfried Rothermel
„Прекумерни“ проверки во Азовското Море
Проверките на бродовите од и кон украинските пристаништа руските граничари ги одолговлекуваа по неколку часа. Пристаништата, трговците и превозниците имаа значителни загуби. Според податоците од Киев, од крајот на септември 2018 година, повеќе од 200 бродови биле подложени на интензивни проверки, меѓу кои 120 биле со знамиња на земјите на ЕУ.
Фотографија: picture-alliance/Tass/V. Timkiv
Аргументите на Русија
Во меѓувреме, руската страна ги обвинува Украинците за ескалација во Азовското Море. Така, на крајот на март 2018 година, Украина го запре и потоа го конфискуваше рибарскиот брод „Норд“ во Азовското Море кој е регистриран на Крим.
Фотографија: Facebook/DPSUkraine
Керчката криза
Најголемиот инцидент досега во теснецот Керч се случи на 25 ноември, кога патувањето на украински воени бродови од Одеса кон Азовското Море заврши со гранатирање од страна на руските граничари кои тврдеа дека Украинците нелегално ја преминале руската граница. Сите три украински брода беа запленети и испратени до пристаништето Керч.
Фотографија: Reuters/P. Rebrov
„Нелегално ја преминаа границата и влегоа во територијалните води“
Русата безбедносна служба ФСБ тврди дека украинските бродови „илегално ја преминале границата и влегле во територијалните води на Русија“. На состанокот на Советот за безбедност на ОН, заменикот-амбасадор на Русија, Димитри Појански, присилното запленување на бродовите го образложи со „основано сомнение дека тие превезуваат радикали кои се заканиле дека ќе го кренат во воздух мостот на Керч".
Фотографија: Reuters/P. Rebrov
Поморското право ѝ дава право на Украина
Како што вели Даниел-Еразмус Кан, професор на Универзитетот на Бундесверот во Минхен, преминувањето на Керчкиот проток е регулирано на ист начин како и преминувањето на Босфорот или кој било друг морски теснец во светот. „Според Конвенцијата за поморско право од 1982 година, Украина има неограничено право на транзит низ Керчкиот теснецот. За ова, не е потребна дозвола од Русија", вели Кан.
Фотографија: Universität der Bundeswehr
8 фотографии1 | 8
Причина за руската реакција се изјавите од украинското министерство за одбрана дека САД ветиле поддршка „во случај на ескалација“. Само пред една недела четворица владини војници беа убиени во завојуваниот регион. Најнапред беше речено дека војниците биле убиени во минофрлачки напад на проруските сепаратисти. Подоцна министерството за одбрана во Киев ја смени својата верзија. Врховниот командант Руслан Комчак зборуваше во парламентот за снајперисти кои пукале во грб на војниците.