1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте моќта на Меркел во ЦДУ

Сабине Кинкарц/ Симе Недевски4 декември 2012

Партијата на германската канцеларка Ангела Меркел ЦДУ одржува редовен конгрес во Хановер. На него се зборува за германските парламентарни избори во 2013. година. Моќта на Меркел останува неспорна.

Фотографија: Reuters

Поканата за 35. конгрес на Христијанско демократската унија (ЦДУ) изгледа ладно и структуирано. Секоја страна преку хоризонталните и вертикалните линии добива на строгост. Тоа не се однесува само на зборовите отпечатени на поканата. Конгресот во изминатите недели беше педантно подготвуван, а организаторите не ја изгубија од предвид својата цел.

„Силна Германија, шанси за сите“, така гласи мотото на предлог заклучоците кои партиското раководство ќе им ги предложи за гласање на 1001 делегат. Предлогот , како што вели генералниот секретар на ЦДУ, Херман Грехе е „јасно економско-политичко позиционирање во поглед на социјално-пазарната економија“. И основен вовед во изборите во парламентарните избори во 2013 година.

Спречување на судири

Содржините на конгресот ги дефинираше партиското раководство, без оглед на потенцијалните предвидливи судири, кои пред конгресот беа деактивирани со внесени измени во дневниот ред. Расправите и потенцијално горливи расправи сега се само можни за теми како „ стапката на застапеност на жените во надзорните одбори на компаниите“ и „даночната еднаквост на истополовите партнерства“.

Фотографија: Reuters

Партиското раководство, разбирливо не сака таков вид расправа. Еден месец пред изборите во покраината Долна Саксонија и девет месеци пред парламентарните избори во Германија, претседателката на партијата и канцеларка, Ангела Меркел сака да избегне контроверзни расправи или дискусии за програмата на партијата. Наместо тоа, таа бара согласност за својот курс.

Претседателка која го промени ЦДУ

Ангела Меркел се наоѓа на чело на Христијанско демократската унија веќе 12 години. Само Конрад Аденауер и Хелмут Кол биле на канцеларската функција подолго од неа. Меркел е германска сојузна канцеларка од 2005 година наваму а наредната година се кандидира за нов мандат. Меркел ја промени ЦДУ. Малку нешто потсетуваат на партијата во која во 80-те и во 90-те години од минатиот век добинираа мажи од западна Германија.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Основната конзервативна идеја е се’ помалку препознатлива. Соработката со Социјалдемократската партија (СПД) во германската влада за време на првиот мандат на Меркел и сегашната коалиција со Либералите (ФДП) оставија трага врз ЦДУ.

Меркел својата флексибилност ја покажува и во работата на владата. Таа сака да им угоди на сите. Судиритеуспешно ги одложува, без конечна одлука.Главен приоритет е ЦДУ да ги исполнува условите за што поголем број граѓани.

Христијанско демократската унија досега, по правило, ја следеше својата шефица на тој пат. Во меѓувреме се појавија и гласови на оние кои повеќе не се снаоѓаат во општата произволност и на кои не им се допаѓа тоа што програмските спорови секогаш одново се одложуваат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми