1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте притисокот врз „последната Европејка“

Кристоф Штрак/превод: З.Ј.12 мај 2016

Ангела Меркел ја сметаат за движечка сила за договорот за бегалците меѓу ЕУ и Турција. Ако тој пропадне, канцеларката ќе западне под силен притисок и може и во ЦДУ да им „светне“ дека е заменлива, смета Кристоф Штрак.

Фотографија: Reuters/F. Bensch

Во март тоа изгледаше како капиџик за спас за германската канцеларка. Договорот на ЕУ со Турција за бегалците донесе излез од една чисто безизлезна политичка ситуација. Но, за него Ангела Меркел мораше да плати и одредена политичка цена: навредливо-провокативните изјави на Ердоган (претседател на Турција, н.з.) против Европа, кризата во раководењето, непочитувањето на слободата на печатот и на искажувањето на мислењето, па аферата Бемерман (германски сатиричар кој објави навредлива песна за Ердоган, н.з.).

Така пропаѓањето на договорот со Турција кое претстои ја фрла далеку назад и Ангела Меркел, оти неа ја сметаат за битната сила која стои зад тој договор со Анкара. Затоа е само потиснување на одговорноста од себе кога нејзиниот портпарол сега упатува на тоа дека Европската комисија била преговарачки партнер на турското раководство. И кога потоа додава дека има „добра причина и натаму да се смета на спроведувањето“ (на договорот, н.з.), тоа има призвук и на себехрабрење во стравот од ситуацијата што ѝ се заканува во Европа.

И покрај жилавиот и со главоболки поврзан процес на постигнување на договорот ЕУ-Турција, во изминатите месеци времето фактички добро играше за канцеларката. Прво во прилог ѝ одеше постапката на Австрија и на земјите од Западен Балкан за затворање на границите. Потоа се надоврза и турската готовност да ги прими назад бегалците и или да ги испрати назад дома, или пак - ако побегнале од граѓанската војна во Сирија – да ги прати во некоја земја на ЕУ, која би ги примила. Но, инаку во Европа останува едно големо затишје, од блокирачкиот став на Централно- и Источноевропските земји, па се` до резигнацијата на Југот. Расте несигурноста, како што покажува и оставката на австрискиот канцелар Вернер Фајман. Тоа решение им ја покажува драматиката на актуелната политичка ситуација не само на социјалдемократите во Виена и Берлин.

Кристоф ШтракФотографија: DW

Меркел одамна има една посебна улога во Европа. Таа се залага за една уште од порано од неа наведена и почесто потсетувана визија за Европа („Ние сме обединети за наша среќа“). Ниеден друг шеф на влада во Европа не е толку долго на власт како неа. „Европа да се држи здружена“ – тоа го наведе таа во петокот како една од содржините на нејзините разговори во Рим.

Кога станува збор за послединот „Европеец“, веднаш ја споменуваат неа. Со право, оти досега нејзиниот јасен став по прашањето за бегалците и нејзиниот притисок за заеднички европски курс досега ги надгласуваше прво тивко прошепнуваните прашања, кои меѓутоа сега стануваат погласни. Канцеларката е позната по тоа дека не се поплакува поради изминатото, туку постојано прагматично гледа на наредниот можен чекор и работи на тоа. Но, расте напнатоста, а и притисокот, сега повторно да врати во живот некоја европска идеја и истовремено да следи некој одговорен пат за луѓето кои се во бегство.

Покраинската премиерка на Саарланд Анегрет Крамп-Каренбауер, блиска следбеничка на Меркел во президиумот на ЦДУ, на викендот ја формулира општо познатата мудрост: „Никој на овој свет не е незаменлив, ни во ЦДУ, ниту Меркел исто така. Тоа никој не го знае подобро од неа самата“, изјави Крамп-Каренбауер за „Билд ам Зонтаг“. Политичарката од Саарланд навистина не е сомнителна како пучистка. Но, ако пропадне договорот ЕУ-Турција и кај наредниот голем крах на општо познатата мудрост ќе се сетат и други во партиите на Унијата, ни оддалеку не само во ЦСУ (покритички кон канцеларката настроената Христијанско-социјалната унија, сестринска партија на Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел – н.з.).

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми