1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ратификуван Договорот за добрососедство со Бугарија

СН/ агенции
15 јануари 2018

Македонското Собрание денеска го ратификуваше Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија. На седницата не присуствуваше најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Mazedonien - Das Parlament
Фотографија: MAKFAX

Со 61 глас „за“ и еден воздржан македонскиот парламент го ратификува Договорот со Бугарија. Договорот за добрососедство, пријателство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија, кој се подготвуваше неколку години, премиерите  на двете држави Зоран Заев и Бојко Борисов го потпишаа во Скопје на 1 август минатата година. Договорот беше ратификуван во Собранието на Бугарија во ноември минатата година.

Инаку воздржано на денешната седница гласаше независниот пратеник Ферид Мухиќ, кој истакна дека  гласал така бидејќи, според него, Македонија во договорот прави отстапки и дека договорот, како што рече, не е симетричен во однос на двете држави. Со ратификувањето договорот стапува во сила веднаш. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше во Собранието. Во најголемата опозициска партија договорот го оценија како штетен за националните интереси на Македонија. Министерот за надворешни работи Никола Димитров кој имаше воведно излагање во однос на Договорот изрази жалење дека опозицијата не е присутна на седницата но и очекување дека во наредниот период таа ќе биде кооперативна.

Повеќе на темата:

-ВМРО-ДПМНЕ со политика на изолација: Нема да гласа за Договорот со Бугарија!

-Македонија и Бугарија: Минатото како скришно писмо

-Македонската и бугарската влада на седница во Струмица

„Факт е дека ниту ние во Македонија ниту во Бугарија не сме целосно среќни. Но, факт е дека двете држави растеме, праќаме сигнал дека може да се однесуваме европски, рече во излагањето министерот Димитров.

Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Според него договорот ги покрива најважните македонски национални интереси, а ги содржи и бугарските интереси и ги обврзува двете страни да не поттикнуваат непријателски дејства. „Договорот предвидува сестрани односи, развиена соработка за мир и стабилност во регионот, проширување на транспортните врски, активна соработка во културата, обазованието, заеднички чествувања на историски настани и личности", рече Димитров.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми