1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

„Рафал“ во лет: Има ли опасност за мирот во РСМ и регионот?

8 март 2022

Според нашите информации моментално нема закани за Балканот, вели шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Сцена од воениот конфликт во Украина: Распукано стакло од куршуми во болница во градот Мариупол
Сцена од воениот конфликт во Украина: Распукано стакло од куршуми во болница во градот МариуполФотографија: Evgeniy Maloletka/AP/picture alliance

Има ли опасност воениот конфликт да се прошири на Западен Балкан? Во списокот на кој руската влада ги објави странските земји кои спроведуваат непријателски дејства против Русија, од регионот на Западен Балкан се Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, но не и Србија и Босна и Херцеговина. Тоа ги засили ирегиналните дискусии околу латентните „руски прозоци“ кои би можеле да бидат искористени за дестабилизација на овој дел од Европа. Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека моментално не постојат информации за воен конфликт на Балканот.

„Како членка на НАТО сега имаме разузнавачки, кредибилни информации и врз основа на тие информации моментално не треба да бидеме загрижени за воен конфликт на Балканот. Како пример за тие информации, ќе посочам дека точно знаевме кој ден и во кое време ќе започне руската инвазија на Украина. Сепак, во комуникација сме со сите наши партнери кога се работи за можна ескалација на кризата на други места, опфаќајќи го и Балканот како жариште“, рече Османи на ТВ „21“.

Тој посочи дека сите говореле за други можни жаришта, како на пример Молдавија, Грузија, но дека треба да се биде внимателен.

„Повторно ќе речам, според нашите информации моментално нема закани за Балканот“, изјави Османи.

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, вели дека во моментов нема назнаки за можна дестабилизација на регионотФотографија: Ministry for Foreign Affairs of North Macedonia

Сепак, како резултат на случувањата во Украина, македонското МНР веќе испрати покана до сите министерства за надворешни работи од регионот за итна координативна средба во Скопје. На средбата треба да се разговара за вулнерабилноста на Западен Балкан во актуелните околности, предизвиците со кои може да се соочи, можноста за бран од бегалци и за подобра координација во случај на каков било предизвик кој може да се случи во регионот. Османи се надева дека шесте земји што побрзо ќе ја реализираат средбата во Скопје, за која вчера веќе имало позитивен одговор од Црна Гора. 

Војници, прелети, конвои...  

Но, превентивата не е само на дипломатски, туку и на безбедносен план. Од носачот на авиони „Шарл де Гол“ кој е на оперативна обука во Средоземното Море, од вчера почнаа да полетуваат авиони од типот „Рафал“, кои во наредните седмици ќе ја надлетуваат БиХ и Западен Балкан. Како што соопшти ЕУФОР, во контекст на влошената меѓународна безбедносна ситуација, а како мерка на претпазливост, командантот на операцијата „Алтеа“ го прифатил барањето на Франција во наредните недели да бидат извршени тренажни летови со „Рафал“.

За ситуацијата во БиХ денеска треба да расправа Европскиот парламент, а тамошните граѓани вчера со загриженост го следеа распоредувањето на дополнителниот контигнгент од 500 припадници на резервните сили на ЕУФОР и воениот конвој со оклопни возила. Босанските власти порачаа дека граѓаните не треба да се вознемируваат, дека земјата е стабилна, а се огласи и ЕУФОР.  

„Граѓаните на Бих, може да очекуваат зa видат зголемен број патроли на ЕУФОР. Нивната задача ќе биде да ја покажат одлучноста на ЕУ за одржување на стабилноста на БиХ ", порачаа од ЕУФОР.

Француски бобрени авиони од типот „Рафал“ во наредните недели ќе ги надлетуваат земјите од Западен БалканФотографија: abaca/picture alliance

Сепак, стравувања во регионот – има. Поранешниот министер за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, смета Балканот може да стане нова целна дестинација, место за конфликт, преку кое Русија би си ја олеснила позицијата во Украина, преговарачката и секоја друга.

„Опасност за Балканот секако постои. И ако постои место каде може да се отвори некој конфликт, тоа е секако Балканот“, изјави тој за ТВ „Н1“

„Неспорно е дека Милорад Додик е еден од главните играчи на Кремљ на Блаканот. Неспорно е дека Демократскиот фронт во Црна Гора е нивен верен следбеник. Голем проблем е што тие не се само симпатизери на политиката на Русија, туку се и добро инструирани како да ги остварат руските интереси во овој регион. Поради таа опасност е реакцијата на ЕУ и ЕУФОР во регионот и во БиХ, како единствен можен начин на кој треба да се биде биде подготвен за секоја евентуална деструкција која може да дојде од делот на таа политичка јавност“, вели Бошковиќ. 

Балканската монета 

Аналитичари во регионот сметаат дека путиновата надворешна политика ги гледа земјите од Балканот како монета за раскусурување со Зaпадот, оценувајќи дека ранливоста на тие земји е сѐ поголема поради фактот што нивната интеграција подолг период е занемарена токму од ЕУ. Од друга страна, проблем е што Москва на Балканот има верни „играч/и“, а тоа бара особено внимание да се посвети на БиХ за таа да не биде турната во хаос со цел Западот да се дефокусира од руската агресија во Украина, а Русија да докажува дека без неа никаде не може да се оствари траен мир.

Од американскиот Стејт департмент вчера сооопштија дека САД и натаму се апсолутно посветени на поддршката за завршување на процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан, а неоправданата и без повод војна на Русија против Украина, јасно укажува на сѐ поголемата итност на таа задача за трансатлантскиот сојуз.

Седиштето на американското министерство за надворешни работи во ВашингтонФотографија: Yasin Ozturk/AA/picture alliance

На прашање на Гласот на Америка - колку САД се загрижени за можно за прелевање на кризата на Балканот, и дали планираат да бидат поактивни во регионот - неименуван портпарол на Стејт департментот оценил дека Русија е дестабилизирачки фактор на Западен Балкан. 

„Русија е долго време дестабилизирачка сила и извор на дезинформации на Западен Балкан. Нa пример, со давањето поддршка на обидот за пуч во Црна Гора во 2016 година и со актуелните напори дa се поттикнат тензии во БиХ", навел портпаролот.

Членови на американскиот Конгрес минатата недела потпишаа писмо во кое ја повикаа администрацијата на Бајден дa го засили ангажманот на Западен Балкан поради Украина, и да ја промовира потребата од негова европска интеграција.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми