Рафајловска за енергетскиот пазар во Македонија
29 ноември 2007Намерата на македонската Влада преку измени во законот за енергетика од 1 јануари да го либерализира пазарот на електрична енергија во земјата ги заостри односите со австриските газди на ЕСМ. Со измените меѓу останатото се предвидува ЕВН сама да си ги покрива загубите.
Владата вчера се пожали оти се сомнева дека ЕВН досега не ја реализирала обврската од купопродажниот договор за инвестирање на 35,5 милиони евра од правата година и најави пенали доколку тоа не се потврди. На ова претходеше барањето на ЕВН за враќање на 22,5 милиони евра од државата како резултат на ревизорскиот извештај кој покажал дека ЕСМ била во полоша финансиска ситуација од презентираното во тендерската постапка. Министерката за економија Вера Рафајловска која денеска во Берлин учествува на герамнско - македонскиот бизнис форум во интервју за нашата програма го изнесе својот став за спорот со ЕВН.