РАФ – Бубак
24 април 2007Реклама
Германската влада, со оглед на новите наоди, вети дека ќе работи на целосно разјаснување на убиството врз обвинителот Зигфрид Бубак, што припадниците на Фракцијата на Црвената армија го извршија пред триесет години. Министерот за внатрешни работи, Волфганг Шојбле нареди истрага за тоа дали Германската криминалистичка служба и Службата за заштита на уставот со години прикривале изјави на поранешните терористи. Според информации на магазинот “Шпигел“, поренешниот член на РАФ, верена Бекер, уште на почетокот на 80-тите години им кажала на тајните служби дека убиец на Бубак бил Штефан Вишњевски, а не Кристијан Клар.