1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рација кај шефот на Ауди

ЕМФ /агенции
11 јуни 2018

Директен удар врз шефот на Ауди, Руперт Штадлер - иследници денеска го претресоа неговиот дом поради сомневања за измама во скандалот со издувни гасови.

Audi AG - Rupert Stadler
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert

Во аферата со издувни гасови покрај шефот на Ауди, Руперт Штадлер, погоден е уште еден член на Управниот одбор на автопроизводителот од Инголштат, соопшти денеска обвинителството во Минхен. Двајцата се соочени со сомневања за измама. Според обвинувањата, на европскиот пазар биле извадени дизел-возила со манипулиран софтвер за издувни гасови.

Истрагата соопшти дека е извршен претрес на становите на двајцата осомничени. Со нив, бројот на осомничени лица во истрагата за Ауди се зголеми на 20. Портпарол на Ауди потврди дека фирмата ќерка на Фолксваген соработува со иследниците. Засега нема став од Фолксваген.

Повеќе: 

Дали е можна „поправка“ на дизелите?

Автобраншата - првак во измами

Минатата недела Сојузната агенција за сообраќај издаде наредба за повлекување на 60.000 Ауди А6 и А7 возила поради манипулации на Единицата за контрола на моторот. Во април беше извршен претрес на централата на Ауди во Инголштат. Притоа се работеше за манипулирани дизел-мотори кои Ауди му ги лиферувал на Порше. Двете марки се дел од концернот Фолксваген.

Фабриката на Ауди во ИнголштатФотографија: Imago/S. Simon

Обвинителствата во Минхен и Брауншвајг веќе две и пол години вршат истрага на дизел-аферата во која се вклучени осомничени луѓе од Фолксваген и Ауди. Штадлер отфрла каква било вклученост во манипулациите и досега, наспроти интерната критика, остана на шефовската позиција во Ауди поради тоа што сопственичките семејства Порше и Пи се држат до него.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми