1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Рашковски повторно се враќа во куќен притвор

ДТЗ
4 јуни 2021

Ваквата одлука донесе Апелацискиот суд во Скопје. Претходно, Вишото јавно обвинителство ја прифати гаранција од 500 илјади евра во замена за притворот.

Dragi Raskovski Generalsekretär nordmazedonische Regierung
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски повторно се враќа во куќен притвор. Ваква одлука донел Апелацискиот суд кој ја испратил одлуката до Основниот кривичен суд во Скопје. По ваквата одлука Рашковски го напушта затворот „Скопје“, каде се наоѓа од април годинава. 

Претходно Вишото јавно обвинителство - Скопје потврди дека се согласилоДраги Рашковски да излезе од притвор и да се брани од слобода со гаранција од 500 илјади евра. Ваквата одлука следи откако му беше продолжен притворот во мај, по што Рашковски поднесе жалба на одлуката. Но, понудената парична гаранција воопшто не била разгледана од страна на апелациските судии. 

-повеќе на темата: СМС порака го испрати Рашковски во затворски притвор

Рашковски претходно веќе беше во куќен притвор, но на 21 април по барање на надлежните судски органи беше префрлен во Затворот Скопје. За него се отворени две постапки за набавки на софтвери коишто ги заштитил како иновации. Тој во својство на генерален секретар на Владата склучил договор со фирмата „Инвока“ за да набави две софтверски решенија. Едното е за систем за сообраќајни прекршоци за потребите на МВР, кое никогаш не било ставено во употреба. Вториот софтвер бил наменет за електронско гласање. Станува збор за набавки во висина од околу 200 илјади евра. Тој е осомничен и дека му плаќал 80 000 денари на хонорарец, кој потоа бил задолжен да му враќа дел од парите.

-повеќе на темата: Судот ја одби гаранцијата, Мијалков останува во притвор

Претходно Вишото обвинителство даде мислење и за притворот на поранешниот шеф на тајната служба,Сашо Мијалков, кој понуди кауција од 10,8 милиони евра. Во однос на овој случај е дадено негативно мислење за укинување на притворот. Апелацискиот суд во Скопје треба да одлучи дали ќе ја прифати и жалбата на одбраната на Мијалков.

На 20 мај, Кривичниот суд го одби предлогот на Обвинителството и не ја прифати понудената гаранција од речиси 11 милиони евра. Според нив, сѐ уште постои опасност од бегство. Мијалков издржува мерка притвор за предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на 8 години затвор.

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми