201009 Krise Außenhandel
24 октомври 2009Здружението на германската индустрија е формирано на 19 октомври 1949 година како одговор и противтежа на Сојузот на германските синдикати - ДГБ, кој е формиран една недела порано. Нивниот рамноправен партнерски однос стана важен белег на германската тарифна политика во изминатите децении. Благодарение на Лудвиг Ерхард, прв министер за стопанство и подоцнежен канцелар, во тие први години на Сојузна Република Германија честопати беа порамнувани проблемите на релација БДИ-ДГБ и дојде до приближување меѓу нив. Таквиот специфичен германски приод стана познат и како „рајнски капитализам“.
БДИ денес не учествува во тарифните преговори - тоа сега го прави Сојузот на здруженијата на германските работодавачи. БДИ е здружение на претпријатија, во кое се организирани 36 бранши и 15 претставништва на германските покраини и севкупно опфаќа околу 100 илјади претпријатија. Здружението се меша во политичките дебати и настапува како лобист за германската индустрија. Во меѓувреме е застапено и во странство: канцелариите во Брисел, Лондон, Вашингтон и Токио негуваат контакти со најважните финансиски пазари на светот.
Автор: Фридел Таубе / Зоран Јордановски
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска