Рајс не сака да буди лажни надежи
27 март 2007Шансите за драматичен напредок се мали, изјави американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс во Израел. Целта на дипломатските напори на Рајс е да се направи чекор напред кон етаблирање палестинска држава. За временски рокови и брзина на можениот мировен процес, шефот на американската дипломатија, не сака воопшто да зборува. Таа нагласува дека нема намера да го контролира дијалогот меѓу Израелците и Палестинците. Претходно, палестинскиот претседател, Махмуд Абас од Рајс побара доколку се одржат нови мировни разговори, таа да изврши притисок врз Израел. Прес конференцијата на Рајс во Ерусалим, планирана за вчеравечер, не се одржа. На средбата со новинарите требаше да се претстави нова стратегија за индиректни израелско-палестински разговори за мир со посредство на САД. Во Ерусалим неофицијално се вели дека изралексиот премиер, Ехуд Олмерт, на разговорите со Кондолиза Рајс им се спротивставил на американските планови за т.н. шатл – дипломатија.