Рајс страхува од концентрација на моќта во Кремљ
11 мај 2007Реклама
Неколку денови пред посетата на Москва, американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс критички се произнесе околу развојот на демократијата во Русија. Концентрацијата на моќта во Кремљ ја загрижува, рече Рајс во Вашингтон. Истовремено таа и префрли на руската влада дека назадува во реформските процеси, и притоа особено се повика на ограничување на слободата на печатот.