1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции во Србија и Косово по одлуката на Советот за безбедност

25 октомври 2005

Одлуката за Приштина е историска со која која се отвара последната фаза до независност. Српските политичари предупредуваат дека Србија е пред тешка фаза во која не смее да попушти пред притисоците.

Приштина
Приштина

Одлуката на советот за безбедност на ОН според српскиот претседател Борис Тадиќ е очекувана. Србија се наоѓа пред период во кој ќе следуваат тешки и комплексни преговори, рече Тадиќ додавајќи дека просторот за одбрана на српските интереси е намален бидејќи земјата наследила тешки последици од владеењето на Слободан Милошевиќ. Српскиот претседател нагласи дека државните и национални интереси ќе бидат бранети со единствен аргументиран план и стратегија.

Косовските власти одлуката ја сметаат за историска. Заменик премиерот Адем Саљихај изјави дека станува збор за одлука која овозможува влез во последната фаза за утврдување на независноста на покраината. Истиот став го дели и Портпаролот на претседателскиот кабинет Мухамет Хамити, според кого одлуката ќе обезбеди егзистенција за граѓаните на Косово и стабилноста на регионот.

Преставниците на косовските срби во покраината очекуваа ваква одлука на советот. Оливер Ивановиќ, лидерот на српската листа за Косово, смета дека сега е најважно учесниците во преговорите добро да се подготват и да изнајдат компромисно решение.

Потпретседателот на српската радикална партија Томислав Николиќ изјави дека властите во Белград мора стриктно да се држат до резолуцијата 1244 и да не попуштат под притисоците и уцените.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми