1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции: Македонија си го отвори патот кон НАТО и ЕУ

БГ
20 октомври 2018

Честитки од меѓународната заедница за гласањето во Собранието стигнаа од првите луѓе на ЕУ, како и од соседните држави: Грција, Албанија и Косово 

Reportage Mazedonisches Referendum
Фотографија: DW/D. Tosidis

Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск честитката преку Твитер ја испрати на македонски јазик: 

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оцени дека е ова голем ден „за демократијата во Скопје“. „Им честитам на сите оние кои одлучија да тргнат на патот кон ЕУ. Очекувам дека слободниот избор на сите пратеници во целост ќе се почитува, особено на оние кои преминаа на другата страна вечерва. Потребно ни е државништво, а не партиски игри“, твитна Хан. 

Во заедничка изјава на Хан со шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, гласањето се оценува како „многу важен чекор кон имплементација на Преспанскиот договор“. ЕУ очекува имплементацијата да продолжи веднаш и без одлагање. 
„ЕУ силно го поддржува историскиот договор потпишан од премиерите Заев и Ципрас. Беа потребни политичка храброст, лидерство и одговорност за да му се стави крај на еден од најстарите спорови во регионот. Оваа одлучност беше потврдена со денешното гласање.“
Ова е уникатна можност земјата да се придвижи напред на патот кон ЕУ, како и за помирување во регионот, се наведува во изјавата.  Меѓу првите честиташе и грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој му порача на „својот пријател Зоран Заев“ дека вечерашното гласање е „голем чекор кон заедничкиот успех“.  
„Многу важен чекор за мирна и просперитетна иднина за нашите народи“, напиша Ципрас.

Албанскиот премиер Еди Рама побрза да и честита и роденден на „Република Северна Македонија“. „Им честитам од срце на премиерот Зоран Заев и на сите кои се бореа за овој историски момент“. 
 

Честитки преку социјалните мрежи испратија и косовскиот претседател Хашим Тачи и шефот на дипломатијата Беџет Пацоли. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми