1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции на повлекувањето на Мубарак

11 февруари 2011

Светот на веста за повлекување на египетскиот претседател Хосни Мубарак од функцијата, реагира со констатации од типот „историски пресврт“ и бара мирен премин кон демократија во земјата.

Ангела Меркел им посака на Египќаните живот без корупција, цензура и измачувањаФотографија: picture alliance / dpa

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека во очите на луѓето во Египет „може да се види каква сила може да разбуди слободата“. Меркел зборува за „историски пресврт“ и на луѓето им посакува живот без корупција, цензура, апсења и измачувања. Освен тоа, германската канцеларка бара од одговорните „развојот на ситуацијата во Египет да биде мирен“. Германија, според канцеларката, ќе му даде поддршка на Египет согласно своите сили.

Американскиот претседател Барак Обама, кој своето обраќање пред јавноста по повод оставката на Мубарак го одложи за час и половина, изјави дека „Египет веќе никогаш нема да биде истиот“. Во изјавата посветена на демократијата, Обама нагласи: „Египетскиот народ го кажа своето, неговиот глас е послушан“. Според американскиот претседател, Египет на патот до слободни и фер избори има да преброди уште тешки времиња. Тој побара од новото раководство во Египет заштита на граѓанските права, укинување на вонредната состојба, и реформа на уставот.Пред изјавата на Обама, за промените во Египет зборуваше и потпретседателот Џо Бајден, кој рече дека е ова решавачки момент во историјата на Египет и на Блискиот исток.

Барак Обама зборуваше за демократијатаФотографија: AP

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон му понуди на Египет помош во преодниот период. Таа во Брисел рече дека ЕУ стои зад граѓаните и побара слободни и фер избори. Според Ештон, сега мора да се водат разговори за составување влада врз широка политичка основа. Истовремено, Ештон му изрази респект на Мубарак за одлуката да се повлече од функцијата.

И американскиот потпретседател Џо Бајден денеска зборуваше за решавачки момент во историјата на Египет и на Блискиот исток.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун повторно побара одржување слободни избори. „Во овој историски момент, го обновувам мојот повик за мирен, транспарентен и постепен пресврт. Тоа, пред се‘, значи одржување слободно, фер и веродостојни избори“, рече Бан.

Во регионот исто така радост

Портпарол на организацијата Хамас во Појасот Газа, по оставката на Мубарак изјави дека е ова „почеток на победата на египетската револуција“ и дека сето ова е резултат на подготеноста на египетскиот народ на жртви и неговата истрајност. Хамас бара од новото египетско раководство да помогне за веднаш да се укине блокадата на Појасот Газа. Стотици Палестинци го слават повлекувањето на Мубарак, а на улиците се слушаат славенички сирени и истрели.

Во либанскиот главен град Бејрут огномет го осветли небото, а во регионите каде доминираат шиити, како и во јужниот дел на Бејрут се слушаа и истрели испукани во знак на радост.

Израел е воздржан, но изразува надеж дека по оставката на Мубарак нема да се променат мирните односи меѓу двете земји. Инаку, германската канцеларка Меркел, вечерва од Египет побара да го задржи мирот со Израел и со земјите од регионот.

Автор: ЕМФ/ард/шпигел/н-тв

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми