1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции по референдумот во Србија

31 октомври 2006

Косовскиот премиер Агим Чеку ги отфрли тврдењата дека резултатот од референдумот во Србија би можел да влијае врз преговорите за статусот на Косово.

Агим Чеку
Агим ЧекуФотографија: dpa-Bildfunk

„Референдумот го сметаме за целосно неважечки“, изјави Чеку додавајќи дека тој нема да има никакво влијание врз остварувањето на желбата на косовските Албанци, Косово да стане независно.

Албанското министерство за надворешни работи го оцени референдумот за уставот во Србија како „унилатерален, непродуктивен и неприфатлив“. Во соопштението се истакнува дека во време кога е во тек дефинирањето на статусот на Косово ова е непродуктивен чекор кој не помага во изнаоѓањето компромис.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми