1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Рекорден број жртви во Италија од коронавирусот

БГ
18 март 2020

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 во светот денеска надмина 200 илјади луѓе во 150 држави и територии. Речиси девет илјади луѓе починале од вирусот, а најголемиот раст е во Италија.

Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Единаесет нови случаи на заразени од коронавирус беа регистрирани во Северна Македонија во изминатото деноноќие, информираше вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Од 38 вкупно тестирани попладнево, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје. Со тоа, бројката на заболени од коронавирус во земјата се искачи на 42 лица.
„Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија“, информира Филипче. За тестовите на уште 22 лица кои се работат вечерва, министерот ќе информира утре.

Бројот на заболени во Северна Македонија можете да го следите и на оваа специјално дизајнирана страница:

Низ светот, коронавирусот продолжува драматично да се шири на европско тло. Најмногу жртви од Ковид-19 во последните 24 часа пријавија Италија (475), Иран (147) и Шпанија (107). 
Бројот на новозаразени во светот следете го преку специјалната страница на американскиот Џон Хопкинс Универзитет:


Во Кина, каде започна епидемијата во декември, од вторникот до денес се регистрирани 13 нови случаи и 11 смртни случаи.
Бројот на жртви во Италија сега достигна 2.978 од вкупно регистрирани 35.713 случаи.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми