1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рекордно високо затоплување на Земјата

А. Кухатассан/бг22 јануари 2016

Земјината топка се загрева: 2015 беше најтоплата година во историјата. Научниците во САД пресметале дека просечната температура се зголемила за 0,9 степени во однос на просекот во 20. век.

Фотографија: picture-alliance/AP/T. Gutierrez

Исушено земјиште и мочуришта е сѐ што останува од исушените езера, како оние во Боливија. За еколозите тое е доказ за глобалното затоплување.

Тоа го потврдуваат и новите податоци: според НАСА, 2015 била најтоплата година од кога се мери температурата.

Кон тоа придонесе извонредно силниот Ел Нињо, но во иста мерка и човековите активности.

Целото видео погледнете го тука:

Рекордно високо затоплување на Земјата

01:19

This browser does not support the video element.

„2015 ќе беше најтоплата година во историјата и без Ел Нињо. Но појавата на Ел Нињо во втората половина на 2015. ги зголеми глобалните температури и повеќе од очекуваното“, вели Комптон Такер, научник на НАСА.

Уште во 2014 беше поставен нов рекорд во затоплување - 2015 го надмина тоа.

„Бевме многу изненадени кога ги видовме податоците за октомври, ноември и декември. Доколку тоа продолжи во 2016, тогаш од научен аспект тоа е голема работа“, вели Деке Арнд од Националната океанска и атмосферска администрација.

Само еден месец по климатскиот договор во Париз неговата цел- намалување на глобалното затоплување за два степени - стана уште поважно.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми