Рекорд во Германија: Нема ублажување на корона-мерките
СН/агенции
13 ноември 2020
Во Германија денеска е регистриран најголем број заразени со коронавирусот во 24 часа од почетокот на пандемијата- 23.542. Не само поради ова, ублажување на делумниот локдаун во земјата не е на повидок.
Реклама
Дали делумниот локдаун во Германија во ноември го прекрши вториот бран на коронавирусот? Во понеделник, канцеларката Ангела Меркел и покраинските премиери ќе направат анализа на првичните привремени резултати од рестрикциите воведени на почетокот на минатата недела.
Владиниот портпарол Штефен Зајберт сепак јасно стави до знаење: не треба да се очекува олеснување на корона-мерките.
„Нема да ублажат ограничувањата наметнати во јавниот живот за да се забави ширењето на коронавирусот“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Зајберт.
Во Германија од 2 ноември важи делумен локдаун кој ќе трае 4 недели, а цел е ублажување на наглото зголемување на бројката на нови инфекции. Затворени се рестораните, баровите, објектите за спорт и за забава, но училиштата, градинките и продавниците се отворени.
Германските туристички атракции во време на корона
Уште одамна низ дворецот Нојшванштајн не се поминува без река туристи. Посетителите се туркаат пред сите знаменитости. Но, во доба на корона, постои ретка прилика доживувањето да се има речиси само за себе.
Баварскиот крал Лудвиг Втори бил самотник и самотијата ја сакал и во своите дворци. Но, по неговата смрт во 1886 година, во неговите резиденции има се повеќе туристи. Најпознатата - дворецот Нојшванштајн, во една сезона го посетуваат и по 6.000 луѓе дневно. А сега ги има само околу илјада на ден.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Puchner
Катедралата во Келн
Обично таа е полна, речиси како и на блиската железничка станица. Но, во време на пандемија на коронавирус, во катедралата смеат да бидат истовремено само 300 лица. Затоа, посебно на викенд, се формираат долги редици на оние кои чекаат. А кога ќе влезат, имаат речиси единствено доживување на огромната катедрала без безбројни посетители.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarin
Дворецот Хајделберг
Романтичниот дворец, делумно во урнатини, кој се наоѓа над реката Некар, инаку го посетуваат околу 4.000 туристи дневно. Сега се преполовени, но управникот на дворецот, Михаел Без не се лути поради намалувањето на бројот продадени влезници: „Сега можете да го доживеет дворецот на посебен начин“.
Импозантната новоградба на филхармонијата над Лаб од која се пружа величествена глетка на цел Хамбург, исто така обично е преполна, а билети се купуваат со недели однапред. Сега е можно скоро да вшетате во неа, но сепак се советува претходно да се купи влезница. Бројот на посетители е строго ограничен.
Фотографија: picture-alliance dpa/C. Charisius
Куполата на Рајхстагот
И во Берлин е тешко да се влезе во зградата на парламентот и да се прошета по стаклената купола од која се пружа поглед на цел град и пленарната сала на германскиот парламент. Сега е уште потешко: доаѓање е можно само со претходн најава и во исклучителни случаи. Инаку куполата е затворена.
Фотографија: picture-alliance/dpa/imageBROKER
Берлинскиот Остров на музеи
Познатата биста на Нефертете минатата година ја виделе 4,2 милиони луѓе. Сега бројот на посетители е строго ограничен и за обиколка имаат на располагање само ограничено време. Ако сега сакате да ја видите бистата, потребно е однапред да резервирате влезница.
Фотографија: picture-alliance/U. Baumgarten
Цветниот остров во Маинау
На Островот на цвеќето во Боденско Езеро нема ограничувања за посетителите, но нив ги има многу помалку од обично. Порано доаѓаа полни автобуси, а во доба на пандемија можете на мир да го погледнете баш секој цвет.
За познатата, срушена па потоа обновена „Фрауенкирхе“ во Дрезден исто така важат строги прописи: во нејзината купола смеат да влезат само 50 лица, а во црквата вкупно 40. На концертите кои се одржуваат таму дозволено е присуство на 350 посетители, инаку ги има 1660. Редовно се бара карта повеќе.
Фотографија: picture-alliance/Arco Images
Ротенбург об дер Таубер
Ова сликовито гратче во Баварија во кое имате впечаток како да сте се вратиле во среден век, инаку има само десетина илјади жители. Но, секоја година доаѓаат во посета 1,9 милиони туристи. Поголемиот дел од нив се од Америка и Азија, но овие денови нив практично ги нема. Тоа сепак не значи дека гратчето е празно, во него сега уживаат домашните германски туристи.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Karmann
9 фотографии1 | 9
Нејзиниот портпарол Зајберт изјави дека има „претпазливо добри вести“ оти растот на инфекциите е ублажен, но генерално, бројот на заразени продолжува да расте. „Денес не може да се зборува за пресврт“, нагласи тој. „Прерано е за конечна пресуда за мерките. Од гледна точка на канцеларката, сепак, во моментов не се очекува никакво олеснување“, рече тој.
Во Германија денеска е регистриран најголем број заразени со коронавирусот во 24 часа од почетокот на пандемијата. Германскиот Институт Роберт Кох денеска пријави 23.542 новозаразени и 218 починати лица.