Религија и фудбал
1 ноември 2006
Петок 27 октомври, 17 часот на стадионот во Дотрмунд. Свештениците и имамите се згареваа и се подготвени за почетниот удар. Меѓутоа, еврејскиот судија Андре Гречканик се уште не може да го означи почетокот на натпреварот очекуван со нетрпение зашто мора да се направат фотки.
Рака в рака се местат свештеницте и имамите со насмевки пред многуте фото-апарати и телевизиски камери. Се однесуваат како професионлаците, а и изгледаат скоро како нив: имамите во бели гакички и зелени дресови, свештениците во сини гакички и црвени дресови. Сите на градите имаат испишано „Почетен удар за дијалог„.
Еден на теренот куца. Тоа е свештеникот Фридрих Штилер. Со премногу амбиција, падна на тренингот и си ја повреди ногата. Затоа не може да игра, но неговото добро расположение не е нарушено.Тој е одговорен за исламот во евангелистичката црква и еден од организаторите на средбата. До идејата сепак не дојде сам:
„Летоска сите беа во фудбалска треска, а бидејќи ние редовно разговараме, идејата едноствано беше тука. Всушност дојде од различни страни. Во мај имавме студиско патување во Истанбул. Веќе таму зборувавме за тоа, а потоа во јуни или јули се сретнавме со имамите, и тогаш некој ја спомна идејата и рековме дека тоа треба да се направи„.
Веќе две години имамите од дотрмундската Дитиб- џамија двапати годишно се среќаваат со свештеници од евангелистичката црква на размена на мислења за заднички прашања. Инаку, нема многу контакти меѓу двете заедници. Сега тоа треба да се промени, а фудбалскиот натпревар треба да биде почетокот. Во фокусот се дијалогот и разбирањето, при што амбициозноста не се остава настрана, вели Огин Арпачи:
„На почетокот рековме, денеска нема да има губитници. Резултатот е вторстепена работа. Но, се разбира сакаме да победиме и се надевам дека така ќе биде„.
Неговата прогноза гласеше: имамите ќе победат со 8 спрема 6. Неговиот земјак Али Ќучук кој е во публиката е попретпазлив:
„Како што гледам, свештениците се нешто помлади од нашите. Јас типувам – нерешено„.
И скоро не згреши. По неколку минути веќе беше 1 спрема 0 за имамите, но свештениците не дозволија долго да биде така и неколку минути подоцна изедначија. И додека духовниците трчаа по теренот, над Дортмунд небото се затемни. Студено е, но играчите набргу беа црвени во образите и доста испотени. Свешетеникот Штилер удобно седи во коментаторската кабина, заедно со неговиот муслимански ко-коментатор Кадир Билбил. Со задоволство дрдорат во микрофонот додека на теренат паѓаа голови еден по друг:
Ова всушност, не е првиот фудбалски натпревар од ваков вид во Германија. Во нај во Берлин се идгра сличен натпревар и тогаш свештениците победија со 12 спрема 1. Слично како во Берлин и овде во Дортмунд ова нема да биде последниот ваков натпревар. Кадир Билбил е во раководството на една џамија во Дортмунд и веќе ја планира следната средба:
„Не верувам дека ние меѓусебно добро се познаваме. Мораме да научиме добро да се однесуваме едни со други. Затоа мораме добро да се запознаеме. Мислам дека во иднина повеќе ќе се приближиме. Може да се летните празници, или некоја друга манифестација на џамијата или на црквата. Еднаш мора да се почне. Кога и да е и другите ќе видат, се надевам„.
Меѓутоа, претходно мора да заврши овој натпревар. Имамите водат. Всушност, точната состојба за публиката во еден момент не беше јасна. Но, тоа не е важно. Во второто полувреме натпреварот беше побавен. Се чини заморот го направи своето, пред се кај свештениците. Потоа се слушна завршниот свиреж на судијата. Имамите победија со 7 спрема 4. Меѓутоа, никаква трага на тага кај свешеникот Штилер:
„Многу сум задоволен. Се беше супер. И спортски беше интересно, атмосферата пријатна„.
По прогласувањето на победникот, имамите и свештениците истрчаа почесен круг држејќи ги високо пехарите за прво и второ место, како и професионалците, следени од камермани и фоторепортери.