Насекаде во светот се бара лек за Ковид-19. Калифорнискиот фармацевтски концерн Гилеад јавува за првични успеси со ремдесивир. Но, компанијата во минатото беше и предмет на критика,меѓу другото поради лек за ХИВ за деца.
Реклама
Со името Гилеад некои поврзуваат библиски град, други го знаат од дистопискиот роман на Маргарет Атвуд “Приказната на робинката” во кој САД се прекрстуваат во воената диктатура Гилеад. Веќе неколку недели Гилеад се поврзува и со компанија во која многумина полагаат надежи во борбата со новиот корона вирус.
Калифорниската компанија лекот ремдесивир го тестира кај пациенти кои се заболени од Ковид-19 на пример на универзитетот Вирџинија Комонвелт во Ричмонд. Шефот на клиничката студија, Арун Санјал, за новинската агенција АП вели дека владее толку страв од болеста што пациентите се многу заинтересирани да го тестираат лекот. „Станува за антивирусен лек кој беше развиен за да го сопре размножувањето на вирусот. Кога тој не се размножува може да почне нормалниот процес на заздравување на телото.", вели Санјал.
Ремдесивир се тестира не само во САД, туку и на пациенти на клиники во Германија, односно во Минхен, Диселдорф и Хамбург. Според компанијата експерименти со мајмуни покажале првичен успех во третманот – веќе по 12 часа мајмуните покажале знаци на добро опоравување. Ремдесивир не е нов лек - тој е развиен во рамки на борбата против ебола, но таму не се покажал како ефективен. Сега можеби ќе биде пресуден чекор во борбата против Ковид – 19. Во едно отворено писмо, шефот на фармацевтскиот концернт, Даниел О’Деј пишува дека е голем оптимист од она што го покажуваат досегашните резултати.
Резултатите кои ги опфаќаат првите 53 пациенти покажуваат дека поголемиот дел од нив имаат подобрена клиничка слика по земање на ремдесивир. (...) Овие првични податоци од 53 пациенти не се дел од клиничка студија и покриваат само еден мал дел од критичните болни пациенти кои се третирани со ремдесивир. (...) Претпоставуваме дека до крајот од април ќе имаме податоци од студијата за ремдесивир спроведена на тешко заболени пациенти, и дека ќе работиме брзо да ги анализираме и споделиме резултатите.
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Вакцина нема, лек исто така. Експертите, во моментов, не се сигурни ни дека оние кои оздравеле од Ковид-19 се целосно заштитени од нова инфекција. Затоа е препорачливо јакнење на личниот имунитет среде пандемијата.
Фотографија: Fotolia
Здрава исхрана
Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Heinz
Добар сон
Додека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам.
Фотографија: Colourbox
Движење и вежбање
Движењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. pedersen
Одржување на контактите
Пријателите во овој период на социјална изолација поради коронавирусот се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.
Изолацијата можеби е шанса да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
5 фотографии1 | 5
Гилед и магичен лек? Вредноста на акциите веќе се зголеми по позитивните вести. Но, препорачана е претпазливост затоа што има критики за фармацевтскиот концерн. Како што известуваат германските телевизии НДР, ВДР заедно со весникот „Зидојче цајтунг“, има судски досиеја кои покажуваат дека поранешен менаџер на Гилеад ја обвинува компанијата дека ставала нечисти супстанци во тестови за лекови за ХИВ вакцина за деца. Често во медикаментот имало кафеави или црни дамки – но и покрај тоа морало да продолжи да се користи. Според информациите на НДР, ВДР и „Зидојче цајтунг“, Гилеад активната состојка ја набавила од кинеска фирма која во тоа време немала одобрение за американскиот пазар. Процесот сѐ уште трае во Калифорнија.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.