1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ренесанса на народната музика во Словенија

9 јули 2007

Традиционалната словенечка народна музика во последниве години е многу популарна. Музиката модерно запакувана и измешана со влијание од џез, рок, фанк и блуз привлекува се поголем број обожаватели.

ЉубљанаФотографија: picture-alliance/dpa

Групите кои го пратат етно трендот во Словенија се составени од млади музичари кои искуство го добиле на различни музички полиња. Воодушевуваат со нивната страст кон музиката, неконвеционалниот стил и способност. Успееа да ја привлечат и младата публика. Овие музичари ги извадија од прашина старите народни песни, ги запакуваа модерно за да одговаараат на денешницата. Способноста, вака да се преработат старите песни, со кои повторно ќе се идентификува поголемиот дел од публиката, веќе дава плодови. Групата Терафолк беше предвесник на новиот тренд во Словенија и има огромен број обожаватели. Тоа е одличен микс од старото и новото.

Во 2003 година групата ја доби интернационалната награда од публиката за Музиката на светот од Би Би Си 3. Доказ дека традиционалната музика ги урива границите и без оглед дали публиката го разбира јазикот ја прифаќа. И други словенечки групи имаат бројни настапи во земјата и странство. Така групата Каталена, минатата година учествуваше на најголемиот фестивал во Рудолфштад, Германија, кој се одвиваше под мотото - во потрага по фолк корените на светската музика. Членовите на Каталена веруваат во вечната популарност на традиционалната музијка и се убедени дека народната музика е се уште дел и од младите луѓе. Сепак сегашниот успех не можел да се предвиди, вели пеачката на Каталена, Весна Зорник.

“Никој од нас не можеше да претпостави, дека нашата музика ќе биде толку прифатена. Сигурно многу придонесува фактот што и ние сме млади луѓе и така ја обработуваме нашата музика. Тргнуваме од тоа дека сме израснати во духот на денешното време, ние сме дел од една средина која испраќа соодветни импулси и во

согласност со тоа посветени сме и на музиката”.

Музичарите од Каталена не препознаваат граници во нивната работа. Тоа го докажаа и со последниот проект “Пастирче Младо”. Работен заедно со балетскиот ансамбл од театарот во Марибор. Во овој проект се спојуваат античкото и модерното, народното и урбаното, или како што вели Весна од Каталена:

“Се обедунуваат два сосема различни света. Тоа значи свириме традиционална народна музика на модерен начин, а балетскиот ансамбл танцува класичен балет исто така во модерен стил.”

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми