Рен за Дојче Веле
5 јули 2007Реклама
Западен Балкан и Турција имаат конкретна перспектива со полноправно членство како крајна цел ако ги исполнат условите и стандардите што ги бара Унијата, изјави за Дојче Веле еврокомесарот за проширување Оли Рен. Во врска со Косово Рен изјави дека е тоа „европски проблем за кој ЕУ сака да најде суштинско решение“. “Ние ќе ја имаме главната одговорност и во идниот статус на Косово бидејќи тоа е дел од Западен Балкан,а западниот Баллкан има европска перспектива“, рече Рен за ДВ.