1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Новинарите под притисок ширум светот

Фридел Таубе
18 декември 2018

Годишниот извештај на „Репортери без граници“ јасно укажува дека новинарите и натаму се цели на напади ширум светот. Во некои региони, тие се дури и позагрозени отколку претходно.

Berlin - Tag der Pressefreiheit 2017 | Schild Reporter ohne Grenzen
Фотографија: picture-alliance/Eventpress/Stauffenberg

80 новинари беа убиени во 2018 година - гласи застрашувачкиот биланс на невладината организација „Репортери без граници“ (РБГ). Тоа се 15 убиени новинари повеќе отколку во 2017 година. Впечатливо притоа е дека повеќе од половина од новинарите го загубија животот во исти пет земји: Авганистан, Сирија, Мексико, Јемен и Индија.

„Податоците од годишниот биланс на РБГ покажуваат дека вооружените конфликти сѐ уште се најголема опасност за новинарите низ целиот свет, но фактот дека толку многу новинари се убиени и надвор од воените региони е застрашувачки знак“, изјави извршниот директор на РПГ, Михаел Редиске. Сликата што ја претставува е црна: „Премногу често, сторителите и налогодавачите можат да сметаат на тоа дека дури за убиствата нема да има последици по нив".

Авганистан останува опасна земја

Земји со најмногу убиени новинари, граѓани новинари и медиумски работници во 2018 година беа Авганистан (15 медиумски работници), Сирија (11), Мексико (9), Јемен (8) и Индија (6). И во САД,  годинава животот го загубија шест новинари, четири од нив беа убиени во нападот на локалниот весник „Капитал газет" на 28 јуни.

Повеќе:

-Опасниот живот на новинарите

-Медиумите во канџите на автократите

-Слободата на медиумите е нападната и во демократиите

49 луѓе биле целно убиени поради нивната новинарска дејност. Останатите 31 биле убиени додека биле на терен. Меѓу убиените има 63 професионални новинари, 13 граѓански новинари и четири тонски инженери и возачи. Меѓу убиените има и три жени. Во текот на изминатата деценија, 702 професионални новинари беа убиени ширум светот.

Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Mondal

Мексико: Новинарите во борба против корупцијата и нарко-картелите

44 медиумски работници загинаа во области на вооружен конфликт, 36 надвор од вакви региони. Како и во претходната година, Мексико беше земја без вооружен конфликт, во која беа убиени најмногу новинари. Темите како корупција и нарко-криминал таму се особено горливи и постојано ги доведуваат новинарите во смртна опасност. Заштитата што им се дава на новинарите под закана е често несоодветна и неефикасна, сметаат Репортери без граници.

Бројот на убиени граѓани-новинари речиси двојно се зголемил во споредба со претходната година: од седум на 13. Граѓаните новинари играат важна улога во известувањето, особено во земјите со авторитарни режими и во воените зони, бидејќи многу области не се достапни за професионалните новинари. Овие региони се во исто време оние каде што независните известувачи се особено изложени на ризик.

150 новинари во притвор

Меѓутоа, проблем не е само убивањето на новинарите. Многу пораснале и случаите на апсење на медиумските работници. Ако во 2017 година до 1 декември биле притворени 107 луѓе, до истиот датум во 2018 година уапсени биле 150 новинари ширум светот. Причина за ова се и заострените закони против онлајн-новинарите и социјалните медиуми, како на пример во Кина, Египет, Иран и во Саудиска Арабија.

Кога станува збор за затворањето на новинари, тема останува и Турција. Државата членка на НАТО е земјата со најмногу професионални новинари кои поради нивната работа седат во затвор. Иако нивната бројка е помала отколку во 2017 година, тоа не значи дека ситуацијата се има подобрено, оценуваат РБГ.

Репортери без граници најавуваат засилен ангажман против прогонот на медиумските работници. Невладината организација одамна бара поставување на специјален ополномоштеник на ОН за заштита на новинарите. Тој би можел да ја координира работата на земјите членки на ОН за заштита на новинарите и да ги спроведува постоечките меѓународно-правни прописи, порачуваат во РБГ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми