1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Репортери без граници ја тужи германската тајна служба

14 декември 2016

Организацијата „Репортери без граници“ ја тужи германската тајна служба БНД поради наводно прислушување.

Demonstration gegen massenhafte Überwachung der Kommunikation
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken

Новинарите ѝ припаѓаат на групата на т.н. чувари на тајност поради професијата. Тие, исто како лекарите, адвокатите или свештениците, се обврзани на апсолутна доверливост. Во спротивно, тешко дека би имале каква било шанса да стигнат до „жешки“ информации. Ако тие информации стигнат во погрешни раце, може да биде загрозен животот на новинарот. Организацијата „Репортери без граници“ води грижа за загрозените новинари ширум светот и за слободата на печатот генерално. Затоа, кога ќе се спомне зборот прислушување или надгледување, кај оваа организација веднаш се вклучува алармот.

Меморирање податоци на подолг период или „тројанци“ - секаква форма на технички можно надгледување претставува особено висок ризик за новинарите. Оваа опасност би можела барем да се намали, доколу Репортери без граници успее со својата тужба против германската тајна служба БНД. Денеска (14.12.2016) Сојузниот управен суд во Лајпциг расправа по оваа тужба и можеби во текот на денот ќе ја донесе и пресудата. За што се работи? Репортери без граници е на мислење дека е можно да била жртва на БНД-шпионажа во рамките на т.н. стратешки телекомуникациски надзор.

Кристијан МирФотографија: Reporter ohne Grenzen e. V.

БНД-филтер

Организацијата се повикува на еден извештај на Парламентарната контролна комисија (ПКГр) од 2013 година. Според него, се претпоставува дека ширум светот стотици милиони имејл-пораки биле филтрирани според одредени поими. Мерката довела до 15.000 погодоци, кои потоа биле обработувани од страна на БНД. Тоа, преведено на обичен германски, значи: тие имејл-пораки потоа биле читани. Поради обврската на тајност, не може да се докаже дека меѓу нив имало и имејл-пораки на Репортери без граници. Но, раководителот на организацијата Кристијан Мир смета дека има и нивни имејл-пораки. Укажувајќи дека организацијата има 280.000 имејл-пораки со партнери за комуникација во странство, тој вели дека во таквата претпоставка има „голема плаузибилност“. Затоа, тој е загрижен за правата и безбедноста на колегите од цел свет.

Просторниот фокус, според Мир, е ставен на Блискиот и Средниот Исток. Тука се земји како Сирија, Египет и Саудиска Арабија. Но, поради ограничената слобода на печат, организацијата има многу работа и со земји како Русија, Украина или Узбекистан. Сите овие, како и други региони, веројатно биле дел од сферата на интерес на тајниот БНД-профил за пребарување. Конечно, најважната задача на германската тајна служба е за германската влада да собира надворешнополитички и безбедносни информации. Тие, меѓу другото, се неопходни за заштита на германските војници во странство, но и за одбрана од сајбер-напади.

Мир потенцира дека во никој случај не се става под знак прашалник „општествената легитимност“ на тајните служби. Меѓутоа, Репортери без граници инсистира на правно неспорна регулација. А, токму тоа го нема, уверен е тој. Како еден од доказите, тој го наведува системот ВерАС на БНД, кој стана познат во 2014 година во истражната комисија за НСА во Бундестагот. Со него се прибирале податоци од телекомуникациските врски на Германците. Тоа Мир го нарекува „илегална форма на меморирање податоци“.

Фотографија: picture alliance/dpa/B. Pedersen

Тужба во име на колегите „особено во странство“

Наводно, може да се прибираат податоци дури и од лица од петти ранг кои може да се доведат во врска со осомничените. Тоа е овозможено со следење на телефонски броеви, податоци за локација, или ознаки на апарати. Затоа, Репортери без граници смета дека е погодена „со голема веројатност“, ако се има предвид дека секојдневно „преку имејл-пораки комуницира со лица од подрачјето кое е под наздор на БНД“.

Доколку судот ја уважи тужбата на Репортери без граници, организацијата се надева дека од тоа ќе произлезе и еден вид информативна обврска на БНД кон лицата кои се предмет на надзор. Досега вакво правило не постои. Во име на слободата на печатот, би било неопходно да се преземат мерки „за поголема транспарентност и ефикасна заштита на новинарите“, оценува организацијата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми