„Република Вардарска Македонија“ - можен консензус?
14 јуни 2010Реклама
Според Антена на преговорите се очекува да „победи“ називот Вардарска Македонија, бидејќи ги исполнува грчките барања за географска одредница, а истовремено во Скопје се употребува за диференцијација од Егејска Македонија. Во информацијата се вели дека Скопје за прв пат покажува желба за изнаоѓање на решение и затоа преговорите, кои се водат на повеќе нивоа далеку од очите на јавноста, внесуваат оптимизам. Доколку ова име биде прифатено „Република Вардарска Македонија“ ќе се користи во комуникацијата со меѓународната заедница и ќе биде напишано во пасошите, јави грчката телевизија „Антена“.
Автор: ЗЈ/ЖА/makfaks
Редактор: Жана Ацеска