1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Референдум за спорниот железнички проект

27 ноември 2011

Во германската покраина Баден Виртемберг во тек е изјаснувањето на граѓаните за контроверзниот проект „Штутгарт 21“.

Großdemo gegen Stuttgart 21
Големи демонстрации го следеа контроверзниот проектФотографија: picture-alliance/dpa

Референдумот во Баден- Виртемберг за проектот на германската железница за подземна линија во главниот град на покраината, Штутгарт се’ разбира предизвикува најголем интерес во самиот град. Граѓаните од другите делови на покраината во значително помал број излегуваат на гласачките места во споредба со на пример покраинските избори кои се оддржаа во март годинава, јави германската новинска агенција ДПА.

7,6 милиони граѓани на Баден- Виртенберг се повикани да гласаат за тоа дали се согласуват покраината да се откаже од договорите тешки повеќе милијарди евра за дислокација на главната железничка станица во Штутгарт и изградба на нова подземна централна железничка станица.

За да успее референдумот против проектот треба да гласа една третина од граѓаните на покраината со право на глас или околу 2,5 милиони. Набљудувачите сметаат дека оваа бројка нема да биде достигната. Во тоа придонесува и поделеноста во владејачката коалиција во Баден Виртемберг која ја сочинуваат Партијата на зелените и Социјалдемократите. Зелените веќе одамна се жестоки противници на проектот „Штутгарт 21“, додека СПД во основа го прифаќа.

Автор:СН/ЖА/дпа/дв

Редактор: Ж. Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми