1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реформски предлог на ЦДУ

5 октомври 2004

Германската опозициона Христијанско-демократска унија ги претстави своите реформски предлози за повеќе работни места и поголем пораст во Германија. Документот со насоките и принципите на ЦДУ содржи предлози за скратувања во социјалниот систем, кои би го поттикнале економскиот пораст и би создале повеќе работни места.

Ангела Меркел
Ангела МеркелФотографија: AP

Документот со насоки треба да биде разгледан на партискиот конгрес на ЦДУ во декември. Покрај Агендата 2010 потребни се и други реформи, изјави шефот на ЦДУ, Ангела Меркел:

”Мислам дека Германија е на раскрсница, дека таа мора да одлучи дали ќе се држи до веќе договорените реформи за натамошно спроведување на реформскиот процес, како што тоа го прави владата, или на луѓето искрено ќе им каже дека, по веќе направените први чекори, се потребни уште.”

ЦДУ смета дека заштитата од отказ на работното место во првите три години од вработувањето треба сосема да отпадне, исто како што не треба да ја има и во претпријатија кои бројат помалку од 20 вработени. Германските работодавачи го поздравија предлогот на ЦДУ како чекор во вистинска насока. Германското право во делот на отказот е премногу круто и временски надминато и веќе долго време е кочница за вработувањето, изјави претседателот на германските работодавачи, Дитер Хунд.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми