1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Речиси илјада мртви по прекинот на огнот во Украина

Ханс-Јирген Маурус (ард)/ А.Трајковска20 ноември 2014

Од почетокот на септември во источна Украина владее прекин на огнот - но очигледно само на хартија. Според ОН оттогаш загинале речиси 1.000 луѓе и биле регистрирани измачувања и масовни егзекуции.

28.10.2014
Фотографија: AFP/Getty Images/D. Dilkoff

Во најновиот извештај на Високиот комесаријат на ОН за човекови права се вели дека во источна Украина продолжува тешкото повредување на човековите права. Освен тоа значително се зголемил бројот на прогонети, и покрај најавата за прекин на огнот на 5. септември. Меѓу средината на април и 18. ноември биле убиени 4.317 луѓе и повредени 9921 лица, се вели во документот. Од почетокот на прекинот на огнот се регистрирани 957 смртни случаи - 838 мажи и 119 жени.

Самоволни приведувања, масовни егзекуции и принудна работа

Бројот на бегалците од средината на септември од 275.489 порасна на 466.829. Во извештајот се наведуваат тешки повреди на човековите права како измачување, самоволни приведувања, масовни егзекуции, принудна работа и сексуално насилство од страна на вооружени групи. Туѓите имоти се уништувале или се земале во сопственост. Освен тоа за исчезнати се сметаат повеќе илјади луѓе. ОН бараат истрага за употреба на распрскувачка муниција, злосторствата мора да бидат расвелени и одговорните да се повикаат на одговорност.

Правото и редот се целосно пропаднати, се вели во документот. Освен тоа во самопрогласените Народни Републики Доњецк и Луганск се развил паралелен владин систем. Големиот број тешко оружје и ангажманот на странските борци има директно влијание врз ситуацијата со човековите права во источна Украина, известуваат авторите. Доаѓале вознемирувачки информации од цивили, кои биле држени своеволно, за да бидат користени при акции за замена на заложници.

Зеид ал Хусеин - висок комесар на ОН за човекови праваФотографија: AP

Недостиг на лекарства

Дополнителен проблем според наводи на Обединетите нации претставуваат 60.000 ХИВ пациенти, кои повеќе немаат третман. Постои опасност од неконтролирано проширување. Итно е потребена достапноста на лекарства.

Исто така и од Крим се известува за повреди на човковите права, јавуваат Обединетите нации. Ова пред сѐ важи за малцинствата како кримските Татари.

Листата на жртви расте, смета високиот комесар на ОН за човекови права Зеид ал Хусеин. Жените, децата и малцинствата сѐ повеќе страдале од политичката пат ситуација во Украина. Прекинот на огнот се спроведува само спорадично, постојано имало артирелиски истрели. Во првите осум недели по прекинот на огнот дневно се убивале по 13 луѓе. Сите страни би морале засилено да пружат напори за мирно решение на кризата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми