1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Решавачка година за Западен Балкан

10 март 2006

Весникот Ди пресе објавува интервју со европскиот комесар за проширување Оли Рен во кое тој одговара за замореноста од зголемувањето на Унијата во земјите членки,за пресудноста на годинава за Западен Балкан и охрабрувањето на Србија

Еврокомесарот за проширување,Оли Рен
Еврокомесарот за проширување,Оли РенФотографија: dpa

ЕУ може навистина да придвижи нешто во регионот на Западен Балкан.Давањето европски перспективи за овој дел се покажа како поттик за реформи.Во Салцбург ќе биде решено за натамошните чекори во овој правец.Кон тоа припаѓа и создавањето регионална слободна трговска зона и олеснувањето на визниот режим.Оваа година е апсолутно решавачка за Западен Балкан.Неговото приближување пак е во наш интерес.Не можеме да си дозволиме етнички конфликти и поделени општества во непосредното соседство. Подобро е да извезуваме стабилност отколку да увезуваме нестабилност,потенцира европскиот комесар за проширување Оли Рен.

На прашањето дали со ова ЕУ не си внесува нови проблеми,со оглед дека австриска анкета покажа кај граѓаните став на одбивање за прием на балканските земји,со исклучок на Хрватска,Рен одговара:

Чув за оваа анкета.ЕУ, што се однесува на проширувањето, доживеа тешки времиња последниве две години.Точно е,во Европа се случи замореност од проширување.На тоа мора да се регаира со вистински мерки,со социјална и економска политика.Проширувањето не смее да стане жртвен јарец за другите проблеми.Тоа што му се смачи на народот,пред се беше брзото темпо на проширувањето.Тоа во иднина нема да биде брз воз,туку повеќе еден локален.

Проверката на способноста за ново проширување ќе биде исто така важна работа.

Рен нагласува дека во иднина нема да биде доволно некоја земја да достави барање за прием,па тоа да биде само благословено.Важно е исполнувањето на критериумите за членство.

Тоа важи и за Србија и Црна Гора,вели Оли Рен на прашањето за постоечките шпекулации за наводно скратување на постапката за приближување кон ЕУ за оваа земја ако се покаже кооперативна во косовското прашање.

Постојат два колосеци,еден за Срвија ,еден за Косово,кои одат паралелно и даваат една слика.Од Србија се очекува конструктивна позиција. Ние сакаме решение на прашањето за Косово до крајот на оваа година,потенцира Рен.Притоа тој ги отфрла изразите како шеќерче или награда .ЕУ јасно ја посочи европската перспектива на Србија и ќе направи се најдобро и да ја реализира,но тоа нема врска со награда,туку со јасни услови кои мора да бидат исполнети,нагласува еврокомесарот за проширување Оли Рен во интервјуто за Ди пресе.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми