1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баварско не за барателите на азил од Косово

Линдита Арапи/ СН18 февруари 2015

Барателите на азил од Косово немаат никаква шанса да останат во Германија и во рок од неколку дена ќе бидат вратени во својата татковина, предупредува баварскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман.

Flüchtlinge aus dem Kosovo
Фотографија: Armend Nimani/AFP/Getty Images

Дојче Веле: Во последните неколку седмици бројот на баратели на азил од Косово драстично порасна. Од овој бран бегалци најмногу е погодена Баварија.

Јоахим Херман: Да, најголем број од луѓето од Косово во Германија доаѓаат преку Баварија и затоа властите во покраината се прилично погодени од напливот на баратели на азил.

За какви бројки станува збор?

Станува збор за повеќе илјади луѓе кои само во јануари имаат пристигнато во Германија. На почетокот на февруари таа бројка дополнително порасна, така што можеме да говориме за стотици бегалци кои секојдневно доаѓаат во Баварија.

Фотографија: picture-alliance/dpa/Andreas Gebert

Со оглед на тоа дека економската ситуација на Косово пред една година не беше подобра од денес, како го објаснувате овој нов бран бегалци? Посебно имајќи го предвид нивното организирано доаѓање со автобуси. Располагате ли со информации, кој стои зад тоа?

Само впечаток дека зад поголемиот број случаи се кријат криумчарски банди, кои со своите активности ги мотивираат луѓето да го напуштат Косово. Овие луѓе имаат сосема искривена слика за Германија, им се наметнува погрешен впечаток, дека тука се добредојдени и оти ги очекуваат некои предности. За тоа секако не станува збор и затоа ќе мораме да ја засилиме активноста на теренот, за да им се објасни на луѓето дека правото на азил не е вистинскиот пат кон посакуваната емиграција во Германија.

Дали може со подобра соработка со косовските власти бранот бегалци да се запре или ублажи? Постои ли воопшто соработка меѓу баварските и косовските служби?

Ние се обидуваме да одржуваме што е можно подобар контакт со косовските органи на власта. Покраинската министерка за државни и економски прашања, Беате Мерк, пред неколку дена беше на Косово, за да разговара со надлежните за новонастанатата ситуација. Ние, покрај останатото, ќе ги засилиме нашите активности во односите со јавноста, бидејќи е јасно дека за заблудите кои постојат во косовската јавност мора да се разговара, тоа мора да се поправи. Истовремено, важно е да се засилат контролите на границите, пред се’ меѓу Србија и Унгарија, за да се спречи илегална емиграција во Германија.

Дали можат кампањите за кои зборувате навистина да помогнат во решавањето на овој проблем? Имено како може да се спречи доаѓање на некој кој бара подобра иднина за своето семејство?

Работата е многу јасна. На Косово не постојат причини поради кои би се барал азил во Германија. Не можеме да зборуваме за политички, расистички или прогони поради верски причини. Значи, станува збор, за проблемот сиромаштија на Косово. Ја сум за тоа ЕУ да ги зголеми давачките за помош на Косово, но право на азил не може да се злоупотреби поради сиромаштија. Ние на тоа силно ќе се спротиставиме.

Фотографија: Armend Nimani/AFP/Getty Images

Што се’ може уште да се стори на политички план, за оваа земја да има перспектива. Не би требало да заборавиме дека Косово последниве месеци беше соочено со сериозна институционална криза. Луѓето поради тоа почнаа да губат надеж.

Сојузна Република Германија на Косово многу му помагаше последниве години. Не би требало да се заборави дека таму е и понатаму стациониран значаен број припадници на Бундесверот, за да им гарантира безбедност на граѓаните. Припадници од полицијата од разни делови на Германија, вклучувајќи ја и Баварија, истотака се ангажирани во работата со надлежните безбедносни служби на Косово. Можам да замислам дополнителна помош на ниво на ЕУ. Но едно е јасно: проблемите на Косово не можат да се решат ако луѓето масовно тргнат да доаѓаат во европските земји, па така и во Германија.

Баварија беше таа која започна иницијатива за вбројување на Косово и на Албанија во т.н. група „сигурни земји“. Кои критериуми пресудуваат за тоа дали некоја држава е „земја на сигурно потекло“?

Земји на сигурно потекло се оние земји, чија квота во признавање на барањата за азил се близу нула. Таа во случајот на барателите на азил од Косово е под еден процент, според податоците на Сојузната канцеларија за емиграција и бегалци. Тоа значи дека шансите за одобрување на барањата се исклучително мали. Во случај надлежната канцеларија во поголемиот број случаи да одбила барања на азил, тоа значи оти и германскиот парламент може да донесе одлука за тоа дека очигледно станува збор за земја на сигурно потекло.

Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Müller

Значи, можеме да очекуваме дека Косово и Албанија наскоро ќе се најдат на списокот на земји на сигурно потекло?

Нашиот став во Баварија е таков. Но кога ќе биде донесена таа одлука, тоа не можеме да го предвидиме во овој момент.

Македонија, Босна и Херцеговина и Србија веќе се наоѓаат на таа листа. Меѓутоа тоа не помогна многу, бидејќи баратели на азил од овие земји и натаму доаѓаат во Германија.

Клучно во овој момент е граѓаните кои се одјдени во Германија, по забрзана постапка да се вратат дома. Ние ќе сториме се' поединците кои немаат основа за добивање азил да се вратат на Косово, Му советувам на секој Косовец да се откаже од доаѓање во Германија. За некои таа авантура би можела да има катастрофален исход, на пример за оние кои ќе се одлучат да си ја продадат кучата и да тргнат во Германија по подобра иднина. Зашто тие за неколку недели ќе бидат вратени дома , што значи ќе мора да го почнат животот од почеток. Му советувам на секој граѓанин да остане во Косово.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми