1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реџепи: Хероинот се шверцува делумно и низ Македонија

ЖА/макфакс/миа28 март 2014

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи призна дека низ Косово проаѓаат одредени балкански рути на дрога, најчесто марихуана и хероин, додека рутата со кокаинот одела најчесто преку Црна Гора и Албанија.

Фотографија: DW/Ajete Beqiraj

„Една од рутите е Косово, но таа рута проаѓа и низ други земји. Кога се работи за хероинот, вистина е дека дел од рутата низ која се препродава оваа дрога претставува и Косово, односно оди од Авганистан, Иран, потоа Турција, Бугарија, Грција, Србија, Македонија, Косово и натаму“, изјавил Реџепи за подгоричкиот весник „Дневне новине“.

Марихуаната најчесто доаѓа од Албанија, додека кокаинот оди повеќе преку Албанија и Црна Гора. Тој потенцирал дека нема конкретни сознанија за постоење организирани криминални групи кои се бават со шверц на дрога, а чии членови се граѓани на Косово и Црна Гора. Реџепи, сепак, не негирал дека постојат такви групи.

„Немаме податоци за постоење конкретни криминални групи чии членови се државјани на Црна Гора и Косово. Сепак, криминалните групи најчесто се од мултиетнички карактер, и во нивниот состав има државјани од разни земји кои соработуваат меѓусебно. Ги чинат државјани на Албанија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, а најчесто свои соработници имаат во Западна Европа, која е финалната дестинација“, навел Реџепи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми