Ривалски безбедносни сили во Газа
18 мај 2006Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас им нареди на припадниците на службите за безбедност што е можно побргу да се распоредатпо палестинските градови за наново да воспостават ред и да ја осигураат безбедноста,изјави за Агенцијата Франс Прес палестински дипломат.
Абас според него побарла од службите за безбедност да ги слушаат исклучиво неговите наредби.Според законот,постои само едне авторитет над безбедносните органи,а тоа е Абас,тврди дипломатот.
Палестинскиот министер од редовите на Хамас,Саид Сиам претходно соопшти дека од вчера во областа на Газа делува новата безбедносна единица под контрола на Хамас,и покрај противењето на Абас.
Единицата составена од доброволци треба да стави крај на кражбите,киднапирањата и убиствата во Газа.
Сиам ги критикува слабостите на безбедносните сили,а формирањето посебна единица го аргументира како нужност.Стотици припадници на новите трупи облечени во црно и вооружении со калашникови зазедоа позиции на раскрсниците во поголемите населби.
Абас формирањето на оваа единица го смета за протиуставно,но најави дека ќе ја толерира ако ги поддржува постојните безбедносни сили.
Синоќа претставниците на Хамас и на Фатах преговараа за разрешување на конфликтот со египетско посредување.