1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рикер: поделба на Косово е најлошо можно решение

Бахри Цани19 февруари 2009

Јоаким Рикер, поранешниот шеф на мисијата УНМИК на Косово, во интервју за „Дојче Веле“ оценува дека Косово оди на добар пат, но дека за нормален соживот во земјата е потребно да поминат повеќе години.

Јоаким РикерФотографија: ©UNMIK DPI

Господине Рикер, како ја оценувате состојбата на Косово, една година по прогласувањето на независноста?

Рикер: Се на се’, задоволен сум од развојот на настаните. Воспоставена е политичка стабилност. Во економски поглед, Косово се обидува да застане на свои нозе, а исто така и европската мисија Еулекс е распоредена на цела територија на Косово. Мислам дека работите одат на добар пат.

Сепак постои впечаток дека јазот меѓу Србите и косовските институции продлабочен откако Косово прогласи независност. Дали гледате можност за приближување на Србите и Албанците и можност за нормален соживот во земјата?

Рикер: Сметам дека постои таква можност, но не може да се очекува дека работите ќе се променат преку ноќ. Потребно е да поминат повеќе години за да има приближување и помирување. Сепак, ситуацијата и не е толку лоша, бидејќи во голем број општини има соработка меѓу Албанците и Србите. Косовските Срби прифатија Еулекс да се стационира на целата територија на Косово. Исто така има добра соработката е добра и на економски план. Соработка има онаму каде што има заеднички интереси, онаму каде што има заеднички пазар или на пример, перспективи за извоз - во тој дел работите почнуваат да функционираат.

Како ја оценувата улогата на Белград во Косово, особено во однос на Косовските Срби?

Рикер: Ситуацијата секако е подобрена со смената на власта во Белград. Односот на Белград кон Косово сега е поконструктивен. Реалноста се прифаќа подобро, така што има напредок во тој поглед. Во однос на тоа дека тие имаат различно толкување на Резолуцијата 1244, работите мора да се решаваат, полека - чекор по чекор.

Од време на време повторно се слушаат идеи за поделба на Косово. Сметате ли дека е можно такво нешто?

Рикер: И понатаму мислам дека е тоа најлошото можно решение. Косово прогласи независност, која ја признаа голем број земји. Добро се развива и има своја правно дефинирана територија. Поделбата е исклучително лошо решение и не гледам дека ниту еден сериозен политички фактор сака да оди во таа насока.

Каде вие, како поранешен шеф на УНМИК, ја гледате перспективата на Косово?

Рикер: Перспективата на Косово е членство во ЕУ, кое ќе се случи некогаш. Прво ќе уследи процес на приближување, а подоцна и потпишување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Унијата. Но, тоа не важи само за Косово туку и за сите земји од Југоисточна Европа. Постои договор од Солунскиот самит на ЕУ дека целиот Балкан еден ден може да стане дел од Унијата. Секако доколку претходно земјите ги исполнат дадените предуслови. Тоа важи како за Косово, така и за сите негови соседи.

Каква е вашата порака за Косовките Срби и Албанци?

Рикер: Да соработуваат и да гледаат напред, а минатото да го остават зад себе.



Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми