1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рилковски апелира итно да се реагира за да се спречи можна нелегалност

СН/ат/миа3 март 2014

Претседателот на македонската Државна Изборна Комисија, Никола Рилковски смета дека е спорно поклопувањето на изборниот молк на претседателските избори со кампањата на предвремените парламентарни избори.

Фотографија: Milco Jovanoski

Проблемот, според Рилковски е во тоа што кога на сила ќе биде денот на молк за претседателските избори, веќе во полн ек ќе тече кампањата за предвремените парламентарни избори, со што може да настане нарушување на изборниот молк кај изборот за претседател.

„Изборниот законик е тазе донесен, не предвидел течење на рокови последователно првин за претседателски, а по нив, не истовремено, и на предвремени парламентарни избори. Апелирам до Владата и до Министерството за правда, или до политичките партии во Парламентот, во овие два дена, додека не се самораспушти законодавниот дом, да иницираат законски измени или дополнување на Изборниот законик и да ги изгласаат измените за да се решат серијата дилеми кои ќе се појават поради преклопувањето на роковите за претседателските и за парламентарните избори. ДИК е тука да го спроведе Законикот и донесените измени", апелираше претседателот на Државната изборна комисија Никола Рилкоски за политички компромис.

Според него ДИК не е таа која треба да ги реши пат позициите што ќе произлезат од преклопувањето на изборите, туку дека треба итно законодавецот да реагира, за да бидат изборите легални.

Рилковски, вели дека во моментов нема одговор како би се решила ваквата ситуација истакнувајќи дека комисијата немала состанок на кој би разговарала за овие новонастанати проблеми. Она што до сега е направено се само меѓусебни консултации по кои со своите колеги размислувале за една варијанта на решение на проблемот, а тоа е инволвираните политички страни да изнајдат меѓусебно политичко решение, односно договор со што би се надминала ваквата ситуација бидејќи сега нема веќе време за нови измени на изборниот законик.

Според Рилковски ваквото преклопување на роковите со себе повлекува уште еден проблем, а тоа е медиумската кампања која ќе тече за предвремените парламентарни избори, а од друга страна не смее да се објавуваат политичките активности, посебно политичките анкети и рејтинзи на партиите, бидејќи паралелно ќе биде предизборен молк за претседателските избори.

„Ние како ДИК се надеваме дека Министерството за правда, Владата и Собранието имаат предвид за настанатата ситуација бидејќи ние единствено што можеме да направиме е да се држиме до законот и да го спроведуваме.“, истакна Рилковски.

Тој признава дека доколку дојде до ситуација на кршење на законот можно е да биде покрената и иницијатива за поништување на изборите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми