1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Патот за олимпискиот оган пробиен со солзавец и шок-бомби

БГ/ртр4 август 2016

Бразилската полиција употреби солзавец и шок-бомби за да го расчисти патот за минувањето на олимпискиот оган низ една населба во Рио де Жанеиро. Протести и во други градови.

Фотографија: Getty Images/M. Tama

Рио: Патот за олимпискиот оган пробиен со солзавец и шок-бомби

01:22

This browser does not support the video element.

Пристигнување на олимпискиот оган во Рио де Жанеиро беше поздравен од незадоволни граѓани и илјадници полицајци во борбена опрема. Војска и полиција на речиси секој агол во Рио го следеа преземањето на олимпискиот факел, а во некои населби мораа да употребат и сила за да го отворат патот за неговото минување.

На анти-владините протести во населба на северот на градот, полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера незадоволните граѓани. Според локалните медиуми, три лица биле повредени од гумени куршуми.
Претходните денови протести се одржуваа и во други градови каде што минуваше огнот.

За време на Олимписките игри во Рио предвидено е засилено присуство на околу 85 илјади војници и полицајци кои треба да спречат улично насилство но и евентуални напади од екстремисти.

Игрите се одржуваат во период на голема економска рецесија во Бразил и зголемени социјални и политички тензии.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми