Прв златен медал за Косово
8 август 2016Реклама
Маљинда Келменди не можеше да ги сокрие солзите откако стана првата спортистка од Косово која освоила златен медал на Олимписките игри. Игрите во Рио се првите на кои воопшто настапуваат косовските спортисти откако нивната земја прогласи независност.
25-годишната џудистка медалот го доби лично од претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах.
„Тој беше пред една година во Косово и ми рече: тука сум за да ви дадам поддршка и сакам ти да го освоиш златнио медал“, им изјави Келменди на новинарите.
„Денеска ми рече: се сеќаваш дека јас и ти имавме договор. Овие зборови ме донесоа до солзи“, вели Келменди, заблагодарувајќи му се на Бах за поддршката.