1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Инспекторите не затекнале родинини во ковид-центрите

ДТЗ
14 септември 2021

Вонредниот инспекциски надзор во ковид-центарот во Тетово не пронајде роднини на болните. Инспекторите не затекнале никого на лице место.

Nordmazedonien Brand in einem Krankenhaus in der Stadt Tetovo
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Вонредниот инспекциски надзор во ковид-центарот во Тетово не ги даде очекуваните резултати. Инспекторите не затекнале на лице место роднини на пациентите коишто се лекуваат од Ковид-19, проблем којшто излезе на виделина по трагедијата во Тетово. Покрај 12 хоспитализирани од ковид, во пожарот загинаа и две лица од надвор, сопруга и ќерка на лица коишто се лекувале, а коишто ги придружувале во болницата. Информацијата официјално ја потврди и Обвинителството.  Дополнително треба да се утврди дали во времето во пожарот во модуларната болница биле во својство на придружба на родителите или можеби влегле внатре во болницата за да им помогнат. 

Во меѓувреме на социјалните мрежи се објавуваат слики на роднини од ковид-центрите, коишто тврдат дека ги негувале своите блиски додека биле хоспитализирани. Радио Слободна Европа, пак објави дека тетовчани не се единствените во земјава кои ги посетуваат и се грижат за своите роднини позитивни на ковид во инфективните болнички одделенија, иако тоа е строго забрането. Во многу градови низ земјава тивко се одобруваат такви посети. Во Гостивар блиските на болни од ковид и преку прозор влегувале на посета. 

Борба за живот во тетовската болница

01:24

This browser does not support the video element.

Вонреден надзор 

По бројните информации дека станува збор за вообичаена пракса роднините да им помагаат за нега на болните во ковид-центрите, инспекторите извршија вонреден надзор. Директорката на ДСЗИ, Ирина Сотирова- Бухова, во изјава за медиумите вели дека за време на надзорот инспекторите не затекнале членови од семејствата на позитивните лица кои биле хоспитализирани. 

„ДСЗИ ќе продолжи со вонредни надзори и врз оваа болница, но и врз сите останати ковид-центри, секогаш кога ќе добие пријава или по допрен глас. Во направената контрола во Тетовската болница немало затекнато лица од семејството ниту како посета, ниту како нивна придружба. Апелирам до граѓаните кои имаат член од семејството што е позитивен и се лекува болнички да ги почитуваат протоколите, да не одат во посета за да не ја шират заразата“, вели Бухова. 

Бухова потврдува дека во претходниот период имало пријави дека роднини влегувале во ковид центрите, но кога заминувале на терен во болниците немало присутни цивили. 

Но, тетовецот Ибин Емшиу кој во трагедијата во тетовскиот ковид-центар ги загуби својот татко и брат во сведочење за ДВ тврдеше дека во тетовскиот ковид-центар му барале пари за нега на брат му. 

Сведоштво за хаосот во тетовскиот ковид-центар

05:58

This browser does not support the video element.

Бухова апелираше до медицинскиот персонал да внимава дека секое прекршување на протоколот може да има големи последици во однос на ширење на инфекцијата.

„Една посета во Ковид одделение може да значи и посетителот да стане позитивен и пациент, може да значи расејување на инфекцијата кога ќе излезе од Ковид одделение.Одреден граѓанин кој бил во Ковид центарот наводно бил предупреден дека доаѓа инспекцијата и да го напушти одделението на саат-два. Доколку е тоа точно , самиот инспекциски надзор ќе биде неуспешен“, вели таа.  

Според неа, инспекторите не можат да бидат 24 часа во болниците, оти има само 40 инспектори кои изготвуваат решенија на позитивните и нивните контакти, но вршат вонреден инспекциски надзор покрај во болниците, ковид-центрите и во училиштата и градинките. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми