1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Романија останува, Романците си одат

Кристијан Стефанеску
10 август 2019

20 проценти на Романците живеат и работат во странство. Од ниту една друга земја на ЕУ не се иселени толку луѓе за да си создадат нов живот далеку од татковината. Политиката и натаму е само нем набљудувач.

Rumänien Bukarest Proteste gegen Regierung
Фотографија: DW/C. Stefanescu

Пред точно една година, на 10 август 2018 десетици илјади Романци од странство дојдоа дома за да учествуваат во масовните протести на романското граѓанско општество против злоупотреба на службената положба и корупција во владата и администрацијата. Полицијата и жандармеријата насилно ги прекинаа протестите во Букурешт, мирољубиви демонстранти произволно беа напаѓани со солзавец и пендраци. Оваа сабота многу Романци во Букурешт повторно планираат да демонстрираат за да потсетат на насилното разбивање на антивладините протести пред една година. Камелија и Лауренциу нема да учествуваат. Пред една година се преселиле во Германија и актулено си го организираат животот во туѓа земја.

Да се напушти татковината, но како?

„Некој таму горе мора многу да не сака, не можевме да најдеме подобра земја од Германија", раскажува Камелија. 46-годишната поранешна соработничка на голем романски медиумски концерн се смее срамежливо. Таа и сопругот Лауренциу, 48-годишен снимател, воопшто и не помислувале на Германија кога во август минатата година решиле со два малолетни синови да ја напуштат татковината.
Во Романија брачниот пар имал добар бизнис со краткорочни издавања на недвижнини за туристи. „Тогаш дојдоа богатите странци кои изнакупија станови и ги урнаа цените", се жали Камелија. Семејството потоа заработувало се помалку, а шансите за вработување биле лоши. „Или бевме престари за работната позиција, или преквалификувани, едноставно ни беше срам", се потсетува таа.

Иселениците Корнелиа и ЛауренциуФотографија: Privat

Повеќе:

-Дијаспората се приклучува на протестите во Романија

-Зошто полицијата се судри со иселениците во Романија?

-Ливиу Драгнеа - крај на една политичка кариера во Романија

Потоа дошол минатиот август како врв на социјалните и политички проблеми и тие ја донеле одлуката дека ќе си ја бараат среќата во странство. Нивни добри пријатели се иселиле во Грција и си направиле нов дом на Крит. Добро платена работа некаде на море, тоа мора да е тајниот рецепт. Но, сонот не им се остварил. Многу добри работи на островот и немало, а немало ни станови кои би можеле да си ги дозволат. Потоа дошла понудата од Германија. „До тој момент не бевме стапнале во Германија. Не го познававме јазикот. Освен тоа секогаш важело дека Германците се многу затворени", раскажува Ларентиу. Семејството го продало автомобилот, за да имаат почетен капитал за новиот живот.

Алармантна статистика

Само во Германија на почетокот на 2019 според Сојузниот завод за статистика имало околу 700 илјади лица со романско потекло. Во Италија и Шпанија бројот на Романци кои таму живеат и работат е околу еден милион. Романија според информации на ОБСЕ е една од водечките земји што се однесува до семејната миграција и слободното движење во рамки на ЕУ. Бројот на Романци кои ја напуштиле својата матична земја според тамошни податоци е четири милиони, односно околу 20 проценти од населението. Во летните месеци бројката достигнува и до пет милиони заради сезонските работници на градилишта и во земјоделието. Габриела Миреску, политиколог од Романија, живее во Швајцарија. Таа објаснува дека има разлика меѓу две генерации на романски мигранти во изминатите 30 години по политичкиот пресврт во земјата.

Габриела Миреску, политиколог од Романија, живее во ШвајцаријаФотографија: Stelian Pavalache

„На почетокот на 90тите години романски доктор на запад често мораше да почне како таксист и со години да чека признавање на неговите студии", вели таа. „Денес докторите и докторките доаѓаат со готов договор и веднаш почнуваат со работа во болница". За Миреску има голема разлика дали мора да се бориш за да најдеш место во општеството, или дали ослободен од комплекси брзо ќе се интегрираш во новата околина. Тие не само што месец за месец праќаат пари за фамилиите, туку многу од нив се заинтересирани и за политичкиот развој на Романците. И Камелија и Лауренциу исто така, но и среќни се дека сега имаат ред во животот. „Ова ни требаше, во Романија се беше многу хаотично, животните навики сосема различни. Тука многу ни се допаѓа", вели Камелија. Сопругот има добро платено работно место кај голема меѓународна компанија за онлајн тргување, таа пак може да се грижи за нивните синови. Фамилијата била и на Крит за летниот распуст. Пријателите таму заработуваат само половина од она што заработува Лауренциу. „Беше добра одлука. Универзумот сакаше да биде така!" двајцата се убедени во тоа. Сега мора да продолжат да учат германски за подоцна да се осамостојат. Веќе имаат и соодветна бизнис идеја.


 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми